Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK
Технологија

50 години стар компјутер на „Епл“ продаден за рекордни 1,14 милиони долари

Медиасет.мк
пред 3 седмици
207-2072008_apple-brand-background

Редок компјутер „Епл 1“, потпишан од коосновачот на компанијата, Стив Вознијак, е продаден на аукција за рекордни 1.148.200 долари. Купувачот е непознат, а од аукциската куќа „Бонхамс“ велат дека станува збор за еден од најзначајните модели во историјата на компјутерската технологија.

Компјутерот е произведен во 1976 година и првично бил продаден за 666,60 долари на Фред Хетфилд. Станува збор за еден од само 74 потврдени примероци на „Епл 1“ што сè уште постојат, а особено е редок бидејќи сè уште функционира.

Покрај потписот на Вознијак, со компјутерот доаѓа и писмо од Стив Џобс, во кое тој го прашува Хетфилд дали сака да ја надгради машината на моделот „Епл 2“. Во пакетот се вклучени и оригиналното упатство за употреба, упатство за работа со касети, покана за членство во клубот на сопственици на „Епл 1“, приспособено напојување, монитор и тастатури од тој период.

На претходната аукција во 2013 година, истиот компјутер бил продаден за 671.400 долари. Овојпат наддавањето го надминало очекуваниот максимум од 800.000 долари, а конечната цена била резултат на наддавање меѓу двајца купувачи.

„Епл 1“ бил далеку од денешните компјутери наменети за широка употреба. Се продавал без напојување, тастатура и монитор, а имал 8 килобајти работна меморија и микропроцесор MOS Technology 6502. Со него можеле да се користат програмата Apple Integer BASIC и неколку игри преку дополнителен интерфејс за касети.

Писмото од Џобс е еден од најинтересните делови од овој примерок, бидејќи сведочи за личната вклученост на Џобс и Вознијак во раните денови на компанијата – од развојот и производството до поддршката за корисниците.

Хетфилд ја одбил понудата за надградба на „Епл 2“, а подоцна го продал компјутерот за 40.000 долари. Парите ги искористил за вечери и излегувања во улицата Френчмен во родниот Њу Орлеанс. Во 2013 година, за „Њујорк тајмс“ изјавил дека смета оти е подобро да ужива во парите што ги добил од стариот компјутер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0hvetc5r8c0v9aUHVzK

Galaxy Z Fold8 го надминува iPhone Duo во мултитаскинг со три активни прозорци

Технологија | пред 10 часа

media-libraryc2p0qnnvf5bd2I5FxAq

Хуманоидните роботи би можеле да им заштедат на компаниите до 100.000 долари годишно

Технологија | пред 10 часа

microsoft

Еден дефект на Microsoft предизвика хаос во светската економија – откажани трансакции и одложени финансиски извештаи

Технологија | пред 18 часа

media-libraryfbrbdul0mgjl9yWVpq8

Инстаграм со помош на вештачка интелигенција ќе препознава тинејџери и ќе ги префрла на посебни сметки

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања