Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

6,2 милиони денари отштета: Саздов и Јованов поведоа постапка против Зоран Ванев за клевета и навреда

Медиасет.мк
пред 1 месец
media-libraryau3geg63ql0j9uQGKew

Правна постапка за утврдување граѓанска одговорност за клевета и навреда против пејачот Зоран Ванев покренале актуелниот уметнички директор и членот на уметничкиот совет на фестивалот „Макфест“, Роберт Саздов и Јован Јованов.

Преку својот полномошник, адвокатот Јанаки Митровски, двајцата бараат надомест на штета во вкупен износ од 6,2 милиони денари, поради, како што наведуваат, сериозно нарушување на нивната чест, углед и професионално реноме.

Причина за правната постапка се повеќе објави што Ванев ги објавил на својот профил на „Фејсбук“ на 11 и 12 август. Во нив, според демантот на правниот тим на Саздов и Јованов, биле изнесени обвинувања за наводен економски криминал поврзан со „Макфест“, ненаменско трошење средства, монополизирање на системот за наплата на авторски права и местење државни субвенции.

Во јавниот демант се отфрлаат сите вакви наводи, а се оценува дека тие можат сериозно да влијаат врз угледот и професионалната кариера на двајцата музичари.

Од правниот тим тврдат дека објавите не содржеле докази со кои би се потврдиле изнесените обвинувања. Дополнително, се наведува дека нападите следувале откако песната со која Ванев аплицирал за учество на овогодишното издание на „Макфест“ била одбиена од комисијата.

„Најостро ги демантираме сите наводи искажани во споменатите објави како неточни, клеветнички и со јасна намера да се наштети на реномето на признатите музички работници Роберт Саздов и Јован Јованов“, се наведува во демантот потпишан од адвокатот Митровски.

Во него се поставува и прашањето дали Ванев би сакал да настапи на фестивалот доколку неговата песна била прифатена, имајќи предвид дека, како што се тврди, во своите објави истовремено го критикувал начинот на кој се организира „Макфест“.

Саздов и Јованов преку правниот застапник бараат судска постапка да утврди дали со изнесените тврдења е повредена нивната чест и углед и дали им следува надомест на штетата од 6,2 милиони денари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

actor-george-clooney-and-lawyer-amal-clooney-enter-the-news-photo-1664279400

Џорџ Клуни првпат проговори за смртта на Пресли Гербер: „Една од најтешките работи што може да му се случат на едно семејство“

Сцена | пред 1 час

media-library5dsq4cngf4stf51N7R2

Водителот ја праша Шакира за Пике, а нејзиниот одговор ги насмеа сите

Сцена | пред 2 часа

media-libraryima49vrne8kd0auFhjU

Софија Вергара објави порака за нарцисите откако поранешниот сопруг откри детали од бракот

Сцена | пред 16 часа

2110449_profimedia0491810859-pronc-hari-megan-markl_ls

Принцот Хари дочекан со свирежи на рагби натпревар во Велика Британија

Сцена | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања