Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Аеродромот во Нешвил ќе го носи името на Доли Партон? Почна постапката за преименување

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-librarygmmni58ahu569B2b2rM
Instagram/Dolly Parton

Управниот одбор на аеродромот во Нешвил едногласно донесе одлука да започне постапка за преименување на градскиот аеродром во чест на легендарната кантри-пејачка Доли Партон.

Одлуката била донесена со шест гласа „за“ и ниту еден против, а од управата на аеродромот ја опишаа како „прв чекор во повеќеслојна постапка“.

„Официјално е!“, објави Меѓународниот аеродром во Нешвил на социјалните мрежи по гласањето.

Сè уште не е утврдено како точно би гласело новото име на аеродромот. Од управата соопштија дека со надлежните страни работат на тоа на соодветен начин да бидат вклучени името и наследството на Доли Партон.

Партон, една од најпознатите ѕвезди на кантри-музиката, почина минатиот месец на 80-годишна возраст по кратко боледување од рак.

Гувернерот на Тенеси, Бил Ли, ја поздрави одлуката и ја нарече важен чекор кон одбележување на нејзиното наследство.

„Доли секогаш му помагаше на светот да се вљуби во Тенеси“, изјави Ли.

Меѓународниот аеродром во Нешвил годишно опслужува околу 26 милиони патници и, според локалните медиуми, се вбројува меѓу десетте најдобри аеродроми во САД според точноста на летовите и квалитетот на услугите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library95a6uctk8oikaInxc5O

(Видео) Сергеј Варошлија: Сè уште сум на суд поради модни критики!

Сцена | пред 52 минути

media-librarykiumsjo60c1c74VjKCR

Таткото на Меган Маркл обвинет за поседување на детска порнографија

Сцена | пред 1 ден

media-librarymslk2s8q210jarrJouH

Голема вест за фановите: Малума ја вклучи Приштина во светската турнеја за 2027 година

Сцена | пред 2 дена

media-library5qcv1rtnih224cN8m3Q

Реј го изедначи рекордот на Бијонсе со 11 номинации за „Греми“

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања