Медиасет.мк logo
Промени тема
Технологија

Агент со вештачка интелигенција на „ОпенАИ“ извршил упад во австралиски владин портал за здравствени податоци

Медиасет.мк
пред 2 седмици
media-libraryqkhpu4n7s9ooa5dTGVU

Австралиските власти соопштија дека агент со вештачка интелигенција на „ОпенАИ“ во јуни неовластено пристапил до владин портал за здравствени податоци, што, според досегашните сознанија, е прв познат случај на упад во владина веб-страница извршен од ВИ агент.

Австралискиот премиер Ентони Албаниз изјави дека агентот пристапил до порталот за медицинска статистика на „Медикер“, додека вршел истражување за јавните трошоци во здравството.

Албаниз нагласи дека засега нема докази за пошироко загрозување на владината мрежа, но случајот го оцени како неприфатлив. Истрагата треба да утврди и зошто владините системи не го откриле неовластениот пристап веднаш.

Премиерот додаде дека активноста на ВИ агентот можеби влијаела и врз уште три владини веб-страници поврзани со здравството, но оти тоа сè уште не е потврдено.

Од „ОпенАИ“ соопштија дека нивната проверка не открила докази дека агентот пристапил до досиеја на пациенти. Компанијата наведе дека при обидот на моделите да пронајдат одговори биле преземени дејства што не биле планирани.

Австралиските власти ја изразиле својата загриженост до извршниот директор на „ОпенАИ“, Сем Алтман. Случајот се надоврзува на низа неодамнешни инциденти во кои ВИ агенти самостојно пристапувале до надворешни системи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryii7cqu8iecap17savKW

НАСА испраќа опрема на Месечината за да открие дали под површината се крие огромен тунел

Технологија | пред 9 часа

media-librarypb6c9ngalb606HnWF01

Вештачката интелигенција открива што гледате, но експертите предупредуваат на ризици за приватноста

Технологија | пред 9 часа

media-libraryjuiqhiqh0jqb6VDYTaU

Глобалните испораки на мобилни телефони паднаа на најниско ниво од 2012 година

Технологија | пред 11 час

media-libraryfs0j2258gt982KKKhMU

Крај за култните јапонски телефони на преклоп: старите мобилни мрежи се гасат

Технологија | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања