Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK
Технологија

„Амазон“ гради центар за вештачка интелигенција што може да стане најголемиот загадувач во САД

Медиасет.мк
пред 3 месеци
media-libraryaa97n0sak8l9aQ5cBLt
Photo by Yender Gonzalez on Unsplash

„Амазон“ планира изградба на огромен центар за податоци во Тексас, наменет за развој на вештачка интелигенција, кој поради големата потрошувачка на енергија би можел да стане најголемиот поединечен извор на емисии на јаглерод диоксид во САД, пишува „Фјутуризм“, повикувајќи се на „Њујорк тајмс“.

„Амазон веб сервисис“ потврдил инвестиција во нова гасна термоелектрана која би го снабдувала центарот за податоци во округот Пекос. Електраната би имала капацитет до 7,65 гигавати, а 35-те турбини би можеле годишно да испуштаат околу 33 милиони тони CO₂.

Таквата количина емисии е споредлива со вкупните годишни емисии на цели држави, како Швајцарија, Ирска или Бугарија.

Планираниот проект отвора и прашања околу климатските цели на „Амазон“, кој претходно се обврза до 2040 година да постигне нето-нулта стапка на емисии на јаглерод.

„Светот денес изгледа поинаку отколку во времето кога ја поставивме климатската обврска“, изјавила портпаролката на компанијата, Маргарет Калехан, за „Њујорк тајмс“.

Во меѓувреме, емисиите на „Амазон“ веќе бележат значителен раст. Компанијата минатата година регистрирала рекордно зголемување на вкупните емисии, додека потрошувачката на електрична енергија во 2025 година пораснала за 34 отсто.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

microsoft

Еден дефект на Microsoft предизвика хаос во светската економија – откажани трансакции и одложени финансиски извештаи

Технологија | пред 6 часа

media-libraryfbrbdul0mgjl9yWVpq8

Инстаграм со помош на вештачка интелигенција ќе препознава тинејџери и ќе ги префрла на посебни сметки

Технологија | пред 18 часа

media-libraryansnnge2aqt01UmKYGa

Џенсен Хуанг поднесе оставка од Nvidia по 33 години на чело на компанијата

Технологија | пред 19 часа

media-library26acpckuggu16e9Dbox

Паметен фрижидер со екран и вештачка интелигенција: Луксуз или непотребен трошок?

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања