Connect with us

#ФАЦИ

Џамбазови беа како холивудските Даглас

На само 10 дена пред 86. роденден, почина маестро Александар Џамбазов, легендарниот композитор и диригент. Веста за смртта ја сподели актерот и шоумен Игор Џамбазов, кој неодамна на социјалните мрежи објави интересна приказна за неговото семејство. Тој сподели фотографија на која е заедно со својот татко и тогаш направи интересна споредба со холивудските татко и син Даглас, Кирк и Мајкал. Слични фотографии за кои напиша: Семејството Даглас или Џамбазови? Кој ќе издржи повеќе?

Дека се ко холивудските Даглас тој раскажува и во дел од автобиографската книга „Прирачник за анти-алкохоличари“, Игор потсетува на времето кога почнал да глуми во познатата детска партизанска серија „Волшебното самарче“, но и дека освен семејството Даглас и неговото, тој не знае пример каде играат во филм тројца актери од фамилија.

„Сè започна со ‘самарчето’. И тоа она ‘волшебното’. Имав само 12 години. Бев најобично курле. од Скупи. Го глумев легендарниот партизански курир кој шверцува лекови, писма, оружје и разни други антифашистички нешта. Мајка ми ја играше мајка ми, а дедо ми – дедо ми. Три генерации актери во еден филм, луѓе мои. Освен славното семејство Даглас во една холивудска лимонада, каде што заедно играат стариот Кирк, син му Мајкл и внукот, на кој никако не успевам да му го запомнам името, за друг таков случај не сум чул“, пишува во книгата на Џамбазов.

Александар Џамбазов беше во брак со актерката Анче Џамбазова, која почина пред 25 години.

 

Извор: Репортер.мк

#ФАЦИ

Ареа ќе одржи акустичен концерт во Битола на 7. октомври

 

Ареа ќе одржи акустичен концерт во Битола, на 7. октомври. „Предходната година го издадовме новиот албум „Љубов е“ и до сега имавме повеќе, концертни настапи во повеќето места во Македонија меѓу кои и во Битола. Овој пат решивме тоа да биде акустичен концерт, каде во една поинаква и поинтимна атмосфера публиката ќе може да ужива во нашите песни.

Концертот под наслов „Area Unplugged“ ќе се случи за прв пат на сцената во Центарот за култура во Битола, со почеток во 20 часот,“ информираат од Ареа.

Continue Reading

#ФАЦИ

Песни од Тоше, Гоце Арнаудов, Влатко, Есма, Драган Вучиќ на канцерот „Легендите живеат вечно“

 

Под мотото „Легендите живеат вечно“, на 28-ми октомври во „Македонска филхармонија“ ќе се одржи концерт во чест на оние кои прерано си заминаа, со цел да им се одаде почит за се она што го оставија зад себе. Ја испишаа музичката историја, а можеа уште толку многу.

 

Ќе се пеат песните на  Тоше Проески,  Влатко Илиевски,  Есма Реџепова, Гоце Арнаудов, Зафир Хаџиманов, Драган Вучиќ како и многу други. Картите за овој настан се веќе пуштени во продажба и истите ќе имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.

 

 

 

Continue Reading

#ФАЦИ

Архитектот Лука, нова љубов на Тамара

 

Поп-пејачката Тамара Тодевска има нова љубов. Таа веќе неколку пати сподели фотографии,  а станува збор за Лука Радовиќ, архитект и дизајнер од Скопје. Дека има нова љубов веќе наголемо се  зборува и низ чаршијата.

 

Тамара неодамна се разведе од својот сопруг Александра, со кого беше 7 години во брак. Тие имаат две деца, Дарен и Хана. И покрај разделбата со Мачка не е тајна дека тие се во коректни односи, заради децата, а заедно ги прославуваат и родендените на децата, и неодамна објавија заеднички фотографии.

 

Continue Reading
Advertisement

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020-2023

error: