Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Амбер Херд го истрча својот прв полумаратон во Шпанија

Медиасет.мк
пред 1 месец
Headline

Амбер Херд се пофали со нов спортски успех. Актерката во Шпанија го истрча својот прв полумаратон, а со фотографиите од трката ги покажа и извајаните стомачни мускули во спортско издание.

Четириесетгодишната Херд 21 километар ги истрчала за еден час и 39 минути.

„Прв полумаратон, ескерик аско Донoсти!“, напишала на Инстаграм, заблагодарувајќи му се на Сан Себастијан на баскиски јазик.

За трката избрала спортски градник и велосипедски шорцеви во виолетова боја. На една фотографија позира со медал околу вратот, додека на друга се гледа како трча по мокар пат, а покрај патеката ја бодрат луѓе со чадори.

Плавата коса ја собрала во пунџа, а спортскиот изглед го надополнила со марама со дезен, ѓердани и црн спортски часовник. Околу половината имала виолетова торбичка за трчање.

Ова досега е нејзината најдолга истрчана дистанца. Претходно годинава учествувала на трка на 10 километри во Мадрид. По таа трка покажала и како го прославила успехот. На фотографијата во раце ја држи својата најстара ќерка Унаг, а напишала: „Ништо не може да го надмине ова чувство“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3r1vf8sa7mmid0r6w9c

Три хороскопски знаци влегуваат во период на финансиско олеснување: долговите и грижите остануваат зад нив

Вирално | пред 7 часа

media-libraryb6ub3918okdj1Hx9GT2

(Видео) Слаткар среде концерт викаше по обезбедувањето да ја остави „Сара“ да се качи на сцена во Охрид – снимка од концертот објавена на „Јутуб“

Вирално | пред 8 часа

media-libraryq3hiq76c7no94iGHdp8

Весна Змијанац се враќа во Скопје, пет децении музика, емоции и безвременски хитови на големата сцена во арената „Борис Трајковски“

Сцена | пред 13 часа

media-libraryttfqlfk15v3h0TbAb7D

(Видео) По лажните тврдења за апсење поради перење пари, се појавија нови снимки од наводна акција за одземање на автомобилите на Бака Прасе

Сцена | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања