Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Анџелина Џоли го напушта Лос Анџелес: „За мене тоа е крај на еден период“

Медиасет.мк
пред 1 месец
media-libraryb6e87gpfpa1t0OuHyPr

Анџелина Џоли се подготвува за голема животна промена. Откако сите нејзини деца станаа полнолетни, 51-годишната актерка планира да го напушти Лос Анџелес и дел од времето да го поминува на различни места низ светот. За своите планови зборуваше во ново интервју за „L’Officiel“.

Џоли е родена во Лос Анџелес, каде што ги одгледуваше и своите шест деца – Медокс, Пакс, Захара, Шајло и близнаците Нокс и Вивиен.

Актерката претходно изјавуваше дека по разводот со Бред Пит, поради семејните околности, не можела да го напушти Лос Анџелес сè додека најмладите деца не станат полнолетни. Сега, откако Нокс и Вивиен наполнија 18 години, таа повеќе ја нема таа пречка.

Еден од најјасните знаци дека се подготвува за заминување се појави во мај, кога Џоли го стави на продажба својот имот во Лос Фелиз, Лос Анџелес, за 29,85 милиони долари.

„За мене тоа е крај на еден период“, изјави Џоли за промените што следуваат.

Сепак, заминувањето од Лос Анџелес не значи дека актерката планира веднаш да се насели на една локација. Напротив, ја привлекува идејата за живот помеѓу повеќе земји.

„Би сакала да имам дом за моето семејство, место каде што ќе стојат семејните фотографии и спомени. А потоа некое време би сакала да бидам номад“, објасни таа.

Важна улога во нејзините планови ќе има Камбоџа, земја со која е поврзана повеќе од две децении. Таму има куќа, а најави дека повторно повеќе ќе се посвети на работата на терен и на својата фондација.

„Мојот дом во Камбоџа неколку месеци годишно ќе служи и како престојувалиште посветено на кмерската култура“, рече Џоли.

Актерката планира повеќе време да посвети и на својот моден проект „Atelier Jolie“, кој сака да го прошири надвор од САД. По првата локација во Њујорк, една од следните би можела да биде во Бразил.

„Отсекогаш се надевавме дека Atelier ќе стане глобален. Бразил би можел да биде првата локација што ќе ја отвориме надвор од САД“, изјави таа.

Џоли вели дека сака да патува низ различни делови од светот и да соработува со локални уметници и креативци.

За неа, заминувањето од Лос Анџелес нема да значи само преселба од еден град во друг, туку почеток на поинаков начин на живот – со повеќе патувања, престој во Камбоџа, хуманитарна работа и развој на сопствениот бренд во различни делови од светот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryagmidm0rorie4SPCTlB

(Фото) Северина прошета низ Сицилија во ретро-издание, а сите гледаа во нејзината чанта од 30.000 евра

Сцена | пред 19 часа

media-librarynqf1gul7buvb0mJmCb9

Речиси 40 години живее бесплатно во куќата на Стиви Вондер, пејачот сега ја тужи

Сцена | пред 23 часа

download-1-2-768x511-1

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд? Изборот влегува во завршна фаза

Сцена | пред 1 ден

media-librarykiumsjo60c1c74VjKCR

Меган Маркл откри зошто го прекинала контактот со татко си

Сцена | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања