Connect with us

#ФАЦИ

Андреј и Панчо донираа храна за семејство од светиниколско кое живее во трошна куќа со три деца

Панчо и Андреј од „ДНК“, вчера го посетија семејството Јакимови во село Ерџелија, Светиниколско. Тие ја продолжија хуманата мисија и на Јакимови и нивните три деца Бојана, Давид и Викторија им однесоа пакети со храна.

Откако ја слушнале сторијата одма сакале да помогнат, а ги повикаа и сите други кои можат да донираат за да им помогнат на Јакимови и нивните три деца.

„Семејството живее во мала соба и за жал децата не можат да имаат детство како секое нормално дете. За жал тинејџерските години ги проаѓаат во срам и исмејување од страна на нивните врсници. Од срце би ве замолиле сите оние кои сте во можност да им помогнете онолку колку можете и да се обратите на следниве броеви за да го контактирате таткото Стојче за било какви донации. ( 078 98 18 22 или 075 65 08 73 ) Приоритет е да се санира терасата на куќата и собчето, а исто така имаат потреба од машина за перење и фрижидер. Госпоѓата Татјана е работоспособна и едвај чека да ѝ понудат работа или пак да ја вратат во фабриката „Мик Свети Николе“, а нејзиниот сопруг Стојче боледува од епилепсија, но, самиот кажа дека би можел и сакал да работи работа која не бара физички напор“, рекоа Панчо и Андреј.

Ова не е првпат Андреј и Панчо да се пуштат во хумана акција. Тие и претходно донираа шпорет, дрва и храна за семејство од Велес.

Ден предходно Панчо побара на  социјланите мрежи да ми посочат самохрана мајка на малолетно дете која едвај врзува крај со крај за да го спојат и финансиски да помогне.

„Имам останати средства од претходната донација, ми тежат на душа па би сакам да завршат на место каде навистина е потребно„, рече тој. Кратко потоа објави дека прите ги наменил на вистиснко место кај една  мајка за која знае дека ова малку од малку ќе и помогне. .

Извор: Репортер.мк

#ФАЦИ

Забавата може да почне, вели Дејан Манасков по операцијата на коленото

Крилото на македонската ракометна репрезентација, Дејан Манасков, успешно го оперираше коленото во приватна клиника во Скопје, откако пред две недели се повреди на натпревар на „Веспрем“. Манасков тогаш ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото, а му беа оштетени и страничните вкрстени лигаменти и ‘рскавицата.

„Операцијата помина добро, се чувствувам одлично. Благодарам за сите ваши пораки со поддршка изминативе две недели. Забавата може да почне, а ние се гледаме наскоро. Ве сакам сите“, напиша ракометарот.

Поради повредата, Манасков најверојатно нема да настапи на Светското првенство во ракомет во јануари догодина.

Извор: Репортер.мк

Continue Reading

#ФАЦИ

(Фото) Игор возбуден: Илина ми се враќа дома

Актерот и шоумен Игор Џамбазов објави дека неговата девојка, Илина Арсова, се враќа од Еквадор каде ги освојуваше тамошните врвови. Алпинистката по речиси два месеци се враќа во Македонија.

„И шо викаш, се враќаш набргу? Ил сос мен се подиграваш?“

Тој сподели и Инстаграм стори од Илина со маска испишана со неговото име.  „Леси се враќа дома“, вели Џамбазов.

Парот ја започна врската за време на карантинот, лани, и оттогаш постојано објавуваат заеднички фотографии и спомени. Пред речиси два месеци, алпинистката се искачи на еден од највисоки активни вулкани во светот, Котопакси.

„Во Македонија можеби сум кралица на планините, но овде во Еквадор уште учам“, рече тогаш Илина и им се заблагодари на луѓето од нејзиниот тим.

За потсетување, Илина е првата Македонка која успеала да ги искачи седумте највисоки врвови на седумте континенти. Во 2019-тата година, таа се искачи на врвот Винсон на Антартик со што ја заврши мисијата „седум врвови“.

(Галерија) „Во Македонија сум кралица на планините, но, тука уште учам“, Илина Арсова во Еквадор го искачува еден од највисоките активни вулкани Котопакси



Извор: Репортер.мк

Continue Reading

#ФАЦИ

Петар Богатиновски e првиот Македонец кој ќе вози на Светското првенство во картинг

Петар Богатиновски (12) е првиот Македонец кој некогаш се квалификувал за светско првенство во картинг, откако победи во Централна Европска Зона. Со освојување на титулата во ЦЕЗ, тој обезбеди учество на светското големо финале во Бахреин, кое ќе се одржи од 11 – 18 Декември оваа година.

Веста за неговиот успех ја сподели и претседателот на држвата, Стево Пендаровски, на својот официјален Фејсбук профил.

„Петар Богатиновски со победата во Централна Европска Зона – CEZ, е првиот Македонец којшто се квалификуваше за светското првенство во Бахреин во декември годинава. Поддршка за Петар!“, стои во неговата објава.

 

На финалето ќе учествуваат сите светски шампиони, вклучувајќи го и Петар, каде ќе имаат можност да добијат картингзи и мотори по пат на лотарија од страна на организаторите.

Богатиновски покрај освоената титула во ЦЕЗ (Централна Европска Зона),тој воедно учествуваше и во ССК (Спорт Стил Куп), каде исто така ја освои титулата.

Богатиновски во 2018 година ја освои вицешампионската титула во Централно Европската зона, а покрај тоа овие награди, има освоено пет трофеи. Од кои три во српскиот и два во македонскиот шампионат.

фото: официјалниот Фејсбук профил на претседателот Стево Пендаровски

Извор: Репортер.мк

Continue Reading
Advertisement

Инста

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020

error: