Connect with us

Hi, what are you looking for?

#ФОКУС

Ангелов: Формирана е комисија што ќе го испита случајот со завеаниот овчар во Кратовско


„Како ЦУК и јас како ВД директор сме максимално отворени кон јавноста и во секој момент стоиме на располагање на медиумите. Најпрво сакам да му честитам на тимот од брзата помош за покажаната храброст и пожртвуваност, посебно на д-р П. Зафиров, затоа што нивното несебично однесување спасија човечки живот. Како ЦУК постоиме да им служиме на граѓаните тогаш кога ним им е најтешко, тогаш кога нивниот живот е доведен во опасност, тогаш кога нивното здравје е загрозено, истакна Стојанче Ангелов в.д. директор на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Ангелов додаде:

Би сакал да укажам дека во моментот кога со своето возило брзата помош заглавиле тие продолжиле да се движат пеш. Проодноста на патиштата без разлика дали се непроодни од снег, дали се непроодни поради кал или други причини припаѓа во надлежност на локалната самоуправа. Локалната самоуправа е таа која треба да се грижи за проодноста на патиштата до секое населено место во нашата држава без разлика дали во него живеат илјадници луѓе или само еден човек. Затоа во оваа прилика, сакам да апелирам до сите градоначалници повеќе внимание да обрнат на проодноста посебно на патиштата кои водат до некои зафрлени планински села. Зафрлени за нас од градовите, но центар на светот за нив кои живеат во нив, истакна Ангелов.

Според в.д. директор на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, оперативецот за управување на кризи од Кратово ги презел сите потребни мерки, откако истиот бил информиран дека во конкретното село се наоѓа човек на кој му се пружа брза помош и истиот е во животно загрозувачка состојба и треба итно да биде извлечен од селото нашиот оперативец веднаш се јавил во полицијата и го известил надлежното лице. За жал, во полицијата немале соодветно теренско возило, со кое што можеле да стигнат на лице место, но од страна на полицијата се понудиле да отидат неколку посилни полицајци, коишто би помогнале во извлекувањето. Нашиот оперативец од ЦУК веднаш потоа се јавил и во противпожарната заштита, но истиот одговор го добил и оттаму дека немаат соодветно возило. Потоа се јавил во ЈП Македонски шуми од каде што побарал помош, но не ја добил. Потоа се јавил на директорот на ЕВН Кратово, надевајќи се дека тие имаат соодветно теренско возило со кое може да се отиде до селото. На крај се јавил и на директорот на ЈКП од каде што најпрво добил надеж дека ќе биде обезбедено такво возило, но потоа возилото не било обезбедено.

„Запрепастувачки е фактот дека во една Општина не можело да се најде теренско возило што ќе отиде на лице место и ќе помогне во животнозагрозениот пациент.

Нашиот оперативец, на РЦУК Кратово бил фокусиран на барање на соодветно теренско возило, па дури барале во одреден момент и трактор, но во ниту еден момент од него не било побарано да обезбеди хеликоптер, докторот му кажал и дека се саморгнизираат… Според СОП, тој не е обучен во ваква ситуација да носи одлука дали треба или не треба хеликоптер, но сепак како ЦУК овде пронаоѓам една наша слабост што во иднина ќе биде променета односно тој т.н. СОП ќе бидат променети. Секогаш, кога ќе имаме загрозен живот, ние како ЦУК ќе се погрижиме да испратиме хеликоптер за извлекување…

Заради целосно расветлување на овој случај којшто ја згрози јавноста би рекол дека тоа е оправдано и формирав петчлена комисија којашто детално ќе го испита овој случај и ќе утврди дали постојат пропусти и слабости кај нас во ЦУК или во другите институции и истите да бидат надминати во иднина.
Истовремено, ако се исполнети законските услови, ќе разгледаме предлагање за одликување на тројцата членови на тимот кои што го извлековаа животнозагрозениот болен пациент“, истакна Ангелов.

 

Advertisement. Scroll to continue reading.



Извор: Скопје1.мк

error: