Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Антропик: Не знаеме како безбедно да ја контролираме идната суперинтелигенција

Медиасет.мк
пред 1 месец
media-library3hjbkoupue3f1Q5psDW

По оставката на истражувачот Џејкоб Коксон од компанијата „Антропик“, дел од водечките истражувачи во областа на вештачката интелигенција јавно предупредија дека индустријата сè уште нема сигурен начин за контрола на надчовечките системи.

Коксон, кој три години работел во „Антропик“, а претходно и во „ОпенАИ“, во јавна објава оцени дека двете компании не постапуваат доволно одговорно кон ризиците поврзани со идниот развој на вештачката интелигенција.

Според него, се развиваат системи што би можеле да ги надминат постојните безбедносни механизми, да преземаат ресурси и брзо да влијаат врз општеството. Особена загриженост предизвикува можноста вештачката интелигенција самостојно да создава сè помоќни верзии од себе.

Неговите предупредувања ги потврди Еван Хубингер, истражувач во „Антропик“, кој изјави дека во индустријата постои реален страв оти напредната вештачка интелигенција би можела да претставува егзистенцијален ризик за човештвото. Тој проценува дека веројатноста за фатален исход во следната деценија е поголема од 10 отсто.

Хубингер признава дека сè уште не постои функционален механизам кој може да гарантира дека надчовечката интелигенција ќе остане безбедна и усогласена со човечките интереси.

Загриженост изразил и Самуел Маркс, раководител на надзорот во „Антропик“, кој посочил дека намалувањето на ризикот од катастрофални сценарија е една од неговите главни задачи.

Предизвикот за технолошките компании е да најдат рамнотежа меѓу брзиот развој и безбедноста. Забавувањето на развојот може да значи заостанување во пазарната трка, додека продолжувањето со несмалено темпо носи ризик од губење на контролата.

Предупредувањата доаѓаат во време на зголемена загриженост поради можностите на автономните дигитални агенти и нивната способност да извршуваат сложени задачи без директна човечка интервенција. Во САД веќе се разгледуваат и законски мерки поврзани со развојот на суперинтелигенцијата, додека европските правила за вештачка интелигенција предвидуваат проценка на ризиците кај најмоќните модели.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library51fk1ndk9h27ejUlXuD

Рекорден пад на акциите на „Гугл“: Избришани 500 милијарди долари за еден ден

Технологија | пред 2 часа

media-librarybk8l23aoas933MzRiwv

Rockstar подготвува поинаков начин на напредување во GTA 6

Технологија | пред 15 часа

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

ЕУ и Канада ги здружуваат силите за развој на вештачката интелигенција

Технологија | пред 19 часа

104637042-GettyImages-513101776

Акциите на Гугл паднаа за 10 отсто, инвеститорите загрижени за милијардите вложени во вештачка интелигенција

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања