Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Apple денес ги претставува новите модели iPhone, во фокусот и првиот телефон на преклоп

Медиасет.мк
пред 1 месец
207-2072008_apple-brand-background

Љубителите на технологијата денес го очекуваат главниот септемвриски настан на Apple, на кој компанијата традиционално ги претставува новите генерации на своите уреди. Најголемо внимание годинава привлекува најавата дека Apple би можел за првпат да го претстави својот iPhone на преклоп.

Настанот ќе започне во 19 часот по македонско време и ќе може да се следи во живо преку YouTube и официјалната страница на Apple, наменета за нејзините настани.

Според досегашните најави, на презентацијата се очекуваат новите модели од серијата iPhone 18, но годинава Apple би можел да направи промена во досегашната практика и во септември да ги претстави само моделите iPhone 18 Pro и iPhone 18 Pro Max. Основниот iPhone 18, според овие информации, би бил претставен дури напролет.

Се шпекулира и дека основниот модел би можел да биде поврзан со iPhone Air, со што Apple би понудил нова верзија на својот потенцијално најтенок телефон.

Сепак, најголемата новина би можел да биде првиот iPhone на преклоп. Уредот досега во гласините се појавуваше под имињата iPhone Fold и iPhone Ultra, а најновите информации посочуваат дека би можел да го носи името iPhone Duo.

Очекувањата се дека Apple ќе се обиде да понуди поинаков пристап кон телефоните на преклоп, со посебно внимание на механизмот за преклопување и намалување на видливоста на линијата на местото на превиткување.

Пазарот на телефони на преклоп во меѓувреме продолжува да се развива, а конкурентите на Apple веќе претставија нови уреди во оваа категорија. Токму затоа евентуалното претставување на iPhone на преклоп би претставувало значаен чекор за Apple и негово влегување на пазар во кој конкуренцијата веќе има повеќегодишно искуство.

Настанот започнува во 19:00 часот по македонско време.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library51fk1ndk9h27ejUlXuD

Рекорден пад на акциите на „Гугл“: Избришани 500 милијарди долари за еден ден

Технологија | пред 41 минута

media-librarybk8l23aoas933MzRiwv

Rockstar подготвува поинаков начин на напредување во GTA 6

Технологија | пред 13 часа

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

ЕУ и Канада ги здружуваат силите за развој на вештачката интелигенција

Технологија | пред 17 часа

104637042-GettyImages-513101776

Акциите на Гугл паднаа за 10 отсто, инвеститорите загрижени за милијардите вложени во вештачка интелигенција

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања