Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Apple подготвува MacBook Pro со екран на допир и нов M6 чип

Медиасет.мк
пред 2 седмици
media-librarycb32faq7ode8evt2lDv
Photo by Dmitry Chernyshov on Unsplash

Apple најави нов настан за 28 октомври, на кој се очекува да претстави нови модели на лаптопите MacBook Pro, вклучително и верзија со екран на допир. Можните новитети би донеле значителна промена во досегашниот пристап на компанијата кон своите лаптопи.

Поканите за настанот го носат слоганот „Pro and tell“, што упатува на претставување нови уреди од линијата MacBook Pro. Според информациите што ги пренесува GSM Arena, повикувајќи се на Марк Гурман од „Блумберг“, Apple би можел да претстави и 14-инчен модел со новиот и моќен чип M6.

Покрај новите лаптопи, Apple претходно овој месец ја претстави и новата линија уреди за паметен дом, која вклучува паметна брава, видеѕвонче, термостат, температурни сензори и безбедносни камери. Со ова компанијата настојува да ја зајакне својата позиција на пазарот на кој веќе се присутни Amazon и Google.

Уредите од линијата Apple Home Collection се развиени во соработка со LG Electronics и Schneider Electric, а нивната продажба се очекува да започне во декември. Тие ќе се поврзуваат со централниот уред за паметен дом HomeView.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1v9vvctar8eo08lL2NJ

Користите ChatGPT за финансии? Овие податоци никогаш не смеете да ги споделувате

Технологија | пред 6 часа

media-libraryq45k9s8o7uunejj8fK8

Вештачката интелигенција може да укине 800.000 работни места во Германија во следните 15 години

Технологија | пред 6 часа

igrice

Играчите на Steam сè повеќе избираат 16 GB RAM, Intel повторно му бега на AMD

Технологија | пред 1 ден

media-libraryogsm52megssjcd1T306

WhatsApp воведува нова контрола на приватноста: ќе избирате кој може да го гледа вашиот број

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања