Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Вирално

Аргентина без Меси во стартниот состав против Јордан

Медиасет.мк
пред 4 месеци
media-librarypmrljq3sbu8aaujakIA

Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Скалони, одлучи Лионел Меси да не биде во стартниот состав за натпреварот од последното коло во групната фаза на Светското првенство против Јордан.

Аргентинскиот селектор реши да го одмори капитенот и најголемата ѕвезда на тимот пред почетокот на нокаут-фазата, потврдувајќи дека Меси натпреварот ќе го започне од клупата, но ќе добие шанса да настапи во второто полувреме.

Актуелниот светски шампион веќе го обезбеди првото место во групата Ј, па дуелот со Јордан нема резултатско значење во однос на пласманот. Токму затоа Скалони одлучи да ги сочува носителите на играта за елиминациската фаза, која започнува веќе во недела.

„Лео ќе биде на клупата. Ќе почекам уште малку со објавувањето на конечниот стартен состав, но сигурно ќе влезе во игра подоцна“, изјави Скалони.

Покрај Меси, се очекува од првата минута да настапат фудбалери кои досега имаа помала минутажа на турнирот, додека стандардните првотимци ќе добијат заслужен одмор пред најважните натпревари што следуваат.

Меси зад себе има одлична групна фаза. Капитенот на Аргентина ги постигна сите пет погодоци на својата репрезентација на овој Мундијал, со што го надмина рекордот на Мирослав Клосе и со вкупно 18 голови стана најдобар стрелец во историјата на светските првенства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

218652-680x450-horoscope-wheel-signs

Два хороскопски знака наскоро би можеле да откријат дека партнерот ги лажел

Вирално | пред 15 часа

media-library7bak91evtn166Ju1NOp

Клои Кардашијан откри каков маж сака покрај себе

Вирално | пред 16 часа

media-library1ugcqto1r4godP3wzKs

Овие украсни саксии можат да им наштетат на собните растенија

Вирално | пред 16 часа

media-library0rqpq08n53hn7A46d7t

Во Кина наместо познати личности на билбордите ги поставуваат научниците за да им бидат пример на децата

Вирално | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања