Connect with us

#ФАЦИ

Јас и Атиџе сме добро, сочувствуваме со семејствата на настраданите, вели Сузана Турнџева која беше во Истанбул

Веста за автобуската несреќа што се случи ноќеска во Бугарија и во која загинаа најмалку 45 македонски државјани, а меѓу загинатите и 17 деца утрово ја потресе јавноста. Тешката несреќа се случи ноќеска пред два часот на магистрала Струма, во близина на Перник и само 7 лица се спасени и пренесени во болница. Според првите информации, автобусот е на фирмата „Беса транс“,

Македонските државјани се враќале од Истанбул, каде што заминале на 18 ноември. Утрово на својот фејсбук профил се огласи и Сузана Турунџиева која исто така беше во Истанбул заедно со Атиџе Муратова, па многумина мислеле дека и тие биле во автобуот кој изгоре на автопатот во Бугарија.

“  Утрово како никогаш до сега телефонот ѕвонеше и нотификации стигаа на секои 2,3 секунди. Атиџе и јас сме добри и безбедни. Ви блегодариме за  грижата. Многу не потресе веста за големата трагедија во која настрадаа наши и странски државјани и искрено сочувствуваме со семејствата на настраданите. Бог да им дава сила да ги издржат овие тешки денови“, вели Турунџиева, која овие денови беше во Истанбул со Атиџе и од каде постојано споделуваа фотографии.

Од Истанбул се враќале четири автобуси во колона, со патници кои биле на екскурсија. Малку после полноќ, автобусот, кој бил последен во колоната, запрел на бензинска пумпа кај Софија, по што го продолжил патот, за еден час подоцна да се случи несреќата.

 Локалните власти кои ја истражуваат несреќата велат дека најверојатната причина е човечка грешка или техничка неисправност. Засега не можат да потврдат дали автобусот прво удрил во оградата, па се запалил или претходно настанал пожар во него.

Извор: Репортер.мк

#ФАЦИ

Скоро 700 илјади прегледи на македонското видео за Јуниор Евросонг: Децата од „Дајте музика“ меѓу фаворитите за победа

Видеото за песната Green Forces со која децата од „Дајте музика“, кои ќе ја преставуваат Македонија на Јуниор Евросонг, има скоро 700 илјади прегледи откако пред две недели беше објавено на Јутјуб. Со развиорени знамиња, Кристина, Анастасија, Миха и Филип, им се заблагодарија на своите фанови за поддршката што ја добиваат.

Според коментарите од фановите од цела Европа, македонската песна и децата од „Дајте музика“ се меѓу омилените на годинашниот избор. Скоро сите пораки на јутјуб се со поддршка, а многумина пишуваат дека Green Forces е толку многу заразна и не можат да престанат да ја пеат, што ќе гласаат за неа и се надеваат дека Македонија ќе победи.

Музиката за Green Forces ja напиша Роберт Билбилов, а текстот е на Робин Зимбаков. Видеото е на „Вертиго вижуалс“.

Јуниор Евросонг годинава ќе се одржи на 19 декември во Париз, Франција.

(Видео) Со песна за спас на планетата Земја децата од „Дајте музика“ ќе настапат на Јуниор Евросонг

Извор: Репортер.мк

Continue Reading

#ФАЦИ

Пионерите на македонскиот хип-хоп „Чиста околина“ со нова песна го најавија следниот албум

Пионерите на македонскиот хип-хоп „Чиста околина“ го објавија првиот сингл од својот следен албум, кој треба да излезе во првата половина на 2022 година. Ова ќе биде вториот од трите албуми што ги најавија.

„‘Чиста околина‘ останува доследна на својата бескрајна музичка љубопитност и на новата песна ‘Врие Македонец‘ го спојува хип хоп изразот со семплови од Драган Ѓаконовски-Шпато, ‘Телонаука совршена‘, ‘Анастасија‘ и Алек Пејовски“, велат од издавачката куќа „Филтер лејбл“.

„Чиста околина“ во мај го објави Avant-garde fatiguée, нивниот прв албум по повеќе од 25 години пауза. Тој претходно беше најавен со сингловите „Си играме со рапот“ и „Малку поети“.

Извор: Репортер.мк

Continue Reading

#ФАЦИ

Времето лета Мања: Александар Митевски со емоции за роденденот на помалата ќерка

Пејачот и композитор, Александар Митевски, откри дека неговата помала ќерка Мања наполни 16 години. Тој на Фејсбук објави две постари слики со ќерка си, едната од нејзиниот 14. роденден, другата кога била помала.

„Мојата помала ќерка Мања денес 16. Времето лета“, напиша Митевски.

Освен Мара, Александар ја има и ќерката Ања. Таа во декември ќе полни 21 година.

Извор: Репортер.мк

Continue Reading
Advertisement

Инста

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020

error: