Connect with us

#ФАЦИ

Баксузна 2021, многу актери, спортисти, музичари починаа во годината што измина

Актери, режисери, пејачи, уметници – во годинава што изминува починаа многу познати македонски имиња кои оставија белег во своите професии. Македонската јавност беше изненадена, а на социјалните мрежи можевме да прочитаме како пријателите, колегите, обичните граѓани се простуваат од познатите кои починаа.

Годината почна неубаво, со смртта на познатиот виолинист и музичар Зоран Џорлев на 1 јануари. Маестро Џорлев почина на 53 години од компликации предизвикани од коронавирусот.

Истакнатата македонска актерка Сабина Ајрула-Тозија, почина на 75-годишна возраст во Скопје. Познатата глумица почина во март. Таа неколку месеци претходно беше оперирана од тумор на мозокот, откако ѝ се слошило на снимањето на една од епизодите на турската серија „Мафијата не го контролира светот“.

Од корона почина легендарниот музичар Зафир Хаџиманов. Легендарниот музичар, роден 1943 година во Кавадарци, долги години живееше и работеше во Белград. Тој беше оженет со пејачката и актерка Сенка Велетанлиќ, со која го има синот Васил Хаџиманов, познат џез-музичар.

Во 2020 година почина и легендарната ТВ и радио спикерка Бранка Станковска. Таа имаше 90 години, а почина во сон.

Актерот Славиша Кајевски трагично го загуби животот. Тој почина на 39 години. Јавноста со неверување се прости од актерот кој повеќе од десет години работеше во МНТ. Кајевски е роден на 1 февруари 1982 година во Скопје. Дипломира на Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’, на Факултетот за драмски уметности, во класата на професор Владимир Милчин, во 2005 година.

На 28 години почина македонскиот модел Филип Алексовски, член на модната агенција „Моделс ин“. Повеќе од десет години тој градеше успешна кариера во Македонија и регионот.

Станислав Длака од „Бис Без“, основоположник на македонскиот рокенрол, почина ненадеjно во Скопје на 81 година. Годинава починаа и Тони Баталков, танчар и поранешен директор на Балетот, во сон почина музичарот Денис Демиров, а на 45 години почина и џез-музичарот и професор по труба Александар Николовски.

Веста за смртта на нендејната смрт на ракометната репрезентативка Јулија Портјанко, ја изненади јавнноста. Таа почна на 38 години, откако ѝ се слошило во автомобил.„Нашата кометалка остави длабоки траги во македонскиот женски ракомет“, напиша Трифун Костовски, кој беше сопственик на најдобриот женски македонски ракометен клуб. Ракометниот свет беше потресен и од смртта на двајца млади ракометари, Марко Божиновски (20), кој почина во сон и Јован Николоски (17), кој загина во сообраќајна несреќа.

Од коронавирус почина актерот Љуран Ахмети, музичарот Гоце Талевски, саксофонистот Ице Атанасовски, хармоникашот Тодор Трајчевски, познатиот македонски актер Љупчо Тодоровски – Упа.

Годинава почина и кошаркарот Бранко Кацарски од златната генерација на Работички, актерите Хајрула Рамизи и Кирил Псалтиров, а и Лазар Николовски, битолската радиолегенда кој влезе во Гинис откако 22 дена водеше програма без спиење.

Извор: Репортер.мк

#ФАЦИ

Првпат во животот облеков фармерки откако ослабев 60 килограми: Пејачката Ивона Јо среќна и посветена на музиката 

Пејачката Ивона Јовановиќ ослабе 60 килограми и првпат во животот облече фармерки. Шест месеци по операцијата на желудникот вели дека конечно е задоволна кога ќе се погледне во огледало.

„Веќе ја немам онаа лажна самодоверба. Кога се затворивме во пандемијата, дознав многу работи за себе, на пример дека се прејадував не затоа што сум била гладна, туку за да го скријам стресот. Денес животот ми е сменет, вежбам јога, медитирам, посветена сум на пеењето и настапите и конечно сум вистински среќна“, вели Ивона во интервјуто на „Репортер“.

Се дружевме во Куманово, градот каде што е родена и живее. И додека ни ги откриваше омилените места на нејзиниот град разговаравме за сè. За музиката, настапите во „Ѕвездите на Гранд“, па и онаа болна тема, психичките проблеми кои со години ја мачеле поради дебелината.

„Никој не ме прашуваше како сум. Ме покажуваа со прст и коментираа дека сум дебела. Кога објавив слики на кои носам свилен фустан, луѓето мислеа дека промовирам гојазност. Јас тоа го направив за себе. Разговорите со психолог многу ми помогна да ги надминам проблемите и да сфатам дека имам многу квалитети за кои не бев свесна“, вели Ивона.

Од дете имала проблем со дебелината, Баба ѝ ја учела да носи широка облека за да ѝ го покрива телото. Денес, кога тоа е минато, Ивона вели дека веќе не се лути, ниту на родителите ниту на баба ѝ.

„Им простив, затоа што само така можев да тргнам напред и да ги надминам сите психолошки проблеми“, искрена е пејачката.

Низ сите овие години музиката ја водела напред. Зад неа е и бендот со кој ни покажа како се пее. А, кога е на јога, освен што го затега телото, си ја смирува и душата. Помеѓу музиката и јогата, секогаш наоѓа време за дружење и чаша вино со нејзиниот најдобар пријател, пејачот Марио Арангеловски. Марио го запознала на аудиција за ‘Идол’. Иако не се сакале, денес се најдобри другари.

„Баба му Ратка многу ме сака и сака да ѝ бидам снаа. Марио лаже дека не сме љубители на алкохолот. И двајцата  сакаме да испиеме чаша добро вино“, рече Ивона. Поради алкохол настанал и најсмешниот клип за јутјуб што го снимиле и бидејќи пијани глумеле модно жири, клипот никогаш не го објавиле.

Дали им било непријатно да се бакнуваат пред камери, како еден на друг си биле лоша среќа во „Гранд“, ама и зошто Ивона не ѝ пееше пратечки вокали на Калиопи на Евросонг. Тука се и муабетите за детството , за операцијата што ја чека пред крајот на годината, песната што наскоро ќе ја снима во Белград, како од 5ХЛ стигна до Л и зошто сака да отвори бутик на плус сајз девојки… гледајте го видеото.

Андријана Јовановска

 

Извор: Репортер.мк

Continue Reading

#ФАЦИ

(Видео) Геј пар се венчаше со евровизиската песна на Васил Гарванлиев

Евровизиските фанови Тој и Гој, кои имаат свој Јутјуб канал, биле толку многу воодушевени од песната Here I Stand што Васил Гарванлиев ја пееше лани на Евросонг, што ја избрале како главна песна на нивната свадба. Тие ова го открија во видеото во кое ги споделија своите впечатоци од песната Circles со која Андреа годинава ќе ја претставува Македонија на музичкото натпреварување.

„Се сеќавате ли каква реакција имав лани кога првпат ја слушав песната на Васил? Навивав за него да успее, и знам дека луѓето велат дека песната е малку лигава, ла, ла, ла, но ако ја слушнете само инструменталната верзија на песната, ќе сфатите дека е прекрасна. Прекрасна. Таа беше една од главните песни на нашата венчавка. Васил требаше да пее во финалето. Песната ја гледаме како вистински подарок од Васил за свадбата. И иако не сме го запознале, знаеме дека ќе го обожаваме и кога ќе го сретнеме“, велат Тој и Гој во видеото.

Инаку, песната Here I Stand беше промовирана пред точно една година, а ја претставуваше Македонија на Евросонг во Ротердам. За да ја одбележи годишнината, пред неколку дена, Васил објави десет ремикси на песната кои ги направија диџеи од целиот свет.

„Сега тие ја пуштаат Here I Stand во клубовите и дискотеките. Песната почнува да грми на журки“, рече Васил за „Репортер“.

Извор: Репортер.мк

Continue Reading

#ФАЦИ

Андреа со песната „Circles“ ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2022

Вечерва беше избран нашиот евровизиски претставник, и победата ја однесе Андреа со песната „Circles“.

Пред камерите се претставија шесте кандидати за кои народот имаше можност да гласа изминативе денови. Кали, Лара, Виктор, Јон, Андреа и Рис Флауер се релативно млади музичари, кои претходно беа избрани на конкурсот кој го распиша МРТ.

„Пред сè, благодарам Македонија! Ветувам дека ќе направам сè да ги оправдам вашите очекувања. Честитки за сите учесници во национланиот избор, бевте тешка конкуренција Оваа шанса за мене е одговорност, како професионална, така и лична. Поддршката од страна на публиката и медиумите ми даде голем поттик овие две недели. Масевски, благодарам за Circles! Останува да продолжиме со полна пареа со подготовките за Евровизија и достојно да ја претставиме Македонија во Торино“, напиша Андреа на социјалните мрежи.

Избирањето се одвиваше по пат на онлајн гласање, а гласовите од јавноста сочинуваа 50 проценти, додека останатите 50 проценти беа доделени од страна на стручно странско жири.

Continue Reading
Advertisement

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020

error: