Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Вирално

Белгиец потрошил 10.000 евра мислејќи дека е во врска со Селин Дион

Медиасет.мк
пред 2 месеци
maxresdefault-2

Белгиец потрошил околу 10.000 евра, убеден дека е во емотивна врска со канадската пејачка Селин Дион, но всушност бил жртва на интернет-измама преку која измамниците се претставувале како познатата пејачка.

Неговата ќерка Карла раскажала дека нејзиниот татко редовно испраќал пари на лице кое преку пораки се претставувало како Селин Дион и тврдело дека се наоѓа во финансиски тешкотии, пренесе телевизијата БФМ.

Парите ги испраќал преку картички за подароци во вредност од 200 до 300 евра, кои ги купувал во продавниците на „Карфур“.

„Во пресрет на Нова година 2025 година, татко ми цел ден седеше пред влезната врата, со спакувани куфери“, раскажала Карла. Тој очекувал такси да го однесе до аеродром, од каде што, наводно, со приватен авион требало да биде пренесен во САД.

„Сам платил цело богатство. Секако, никој не дојде“, додала таа.

Семејството се обидело да го убеди дека станува збор за измама, но без успех. Според Карла, нејзиниот татко на измамниците им испратил и лични податоци за членовите на семејството, вклучително и фотографии, адреси и информации за внуците.

„Поради тоа не се чувствуваме безбедно“, заклучила таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhd13dsrfd9vka8jJa51

„GTA VI“ испиша историја: Првите рецензии ѝ донесоа неверојатна оценка 99

Вирално | пред 16 часа

media-libraryvj2ob995hdse8vGebbM

Алиша Кис и Џон Леџенд би можеле да му се придружат на Џеј Зи на Супербоул 2027

Вирално | пред 17 часа

media-libraryc24dlnotpi5r5lTqxuP

Кембриџ го прогласи зборот „човечки“ за збор на 2026 година

Вирално | пред 19 часа

media-libraryctsjs6f4tcf01VcvX0B

Огромен интерес за електричниот Volkswagen ID. Polo: Речиси 60.000 резервации, чекањето достигнува 21 месец

Вирално | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања