Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Вирално

Белгијците по победата над САД: „Поништете го ова“

Медиасет.мк
пред 3 месеци
media-librarycvq5f5virtr5b4z5JD8
unsplash

Белгија убедливо со 4:1 ги совлада Соединетите Американски Држави во осминафиналето на Светското првенство 2026 и обезбеди место меѓу осумте најдобри селекции.

Натпреварот привлече големо внимание уште пред почетокот поради контроверзната одлука на ФИФА да му дозволи настап на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун, иако по црвениот картон против Босна и Херцеговина требаше автоматски да биде суспендиран на еден натпревар.

Според претходните информации, по реакција на американскиот претседател Доналд Трамп, ФИФА ја одложила примената на суспензијата, со што Балогун доби право да настапи против Белгија.

Сепак, неговото присуство на теренот не го смени текот на натпреварот. Белгијците доминираа и со убедлив триумф од 4:1 се пласираа во четвртфиналето.

Веднаш по натпреварот, белгиската фудбалска репрезентација испрати порака преку социјалните мрежи, алудирајќи на одлуката на ФИФА. Покрај фотографии од прославата на головите беше објавен кусиот коментар: „Поништете го ова“, со што јасно го изразија незадоволството од преседанот околу Балогун.

Капитенот на Белгија, Јури Тилеманс, изјави дека токму спорната одлука дополнително ги мотивирала неговите соиграчи.

„Да бидеме искрени, кога ја слушнавме веста за поништувањето на суспензијата, веднаш одржавме состанок. Се договоривме дека мора да покажеме на теренот што вредиме и токму тоа го направивме. Многу сум горд на екипата“, изјави Тилеманс по натпреварот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

218652-680x450-horoscope-wheel-signs

Два хороскопски знака наскоро би можеле да откријат дека партнерот ги лажел

Вирално | пред 13 часа

media-library7bak91evtn166Ju1NOp

Клои Кардашијан откри каков маж сака покрај себе

Вирално | пред 15 часа

media-library1ugcqto1r4godP3wzKs

Овие украсни саксии можат да им наштетат на собните растенија

Вирално | пред 15 часа

media-library0rqpq08n53hn7A46d7t

Во Кина наместо познати личности на билбордите ги поставуваат научниците за да им бидат пример на децата

Вирално | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања