Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

Бени Бланко предизвика реакции поради насловната на новиот албум, дел од јавноста го обвинува за расизам

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-librarycsk5jiimpk575RAucO1
screenshot youtube

Американскиот музички продуцент Бени Бланко се најде на мета на критики поради насловната фотографија за неговиот нов албум „Hermoso“, инспириран од латино музиката.

Албумот ќе содржи осум песни, чии наслови се на шпански јазик, но токму изгледот на насловната страна предизвика поделени реакции на социјалните мрежи. Дел од корисниците сметаат дека маската прикажана на неа претставува претерана и навредлива карикатура на Латиноамериканците, додека други тврдат дека станува збор за карикатура на самиот Бланко и дека тој всушност се шегува со сопствениот изглед.

media-libraryur01nh7og3435bN2x4y
screenshot youtube

„Ова изгледа расистички кон сите раси“, напиша еден корисник на мрежата X, додека друг го критикуваше Бланко поради тоа што, како што наведе, се обидува да присвои култура која не е негова.

Дел од корисниците, сепак, застанаа во негова одбрана. Според нив, маската е намерно претерана верзија на неговото лице и нема цел да ги исмева Латиноамериканците.

Бланко и претходно зборувал за критиките за својот изглед и за негативните коментари што ги добива на интернет. Тој открил дека дури и неговата сопруга Селена Гомез понекогаш не може да поверува колку добро се справува со таквите реакции.

Продуцентот вели дека не ги следи редовно коментарите на интернет, а најчесто за нив дознава кога пријателите ќе му ги покажат. Според него, со текот на годините научил да не им придава преголемо значење на негативните коментари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1i0ikdpkc4hlfD2mZnU

Наводна расправија во Холивуд: Кендал Џенер и Хејли Бибер не ја поднесуваат Сидни Свини

Сцена | пред 16 часа

media-library2s6kjmcmrrfa5Mf8Rxt

(Видео) Арина Сабаленка објави видео во црн костим за капење и привлече големо внимание

Сцена | пред 20 часа

media-library4brjs2fjlur0fQ9Eki2

Шакира се расплака на сцената во Мадрид: „Поминав низ тешки моменти“

Сцена | пред 1 ден

media-libraryda4mpjdjhokmdVbkm7X

„Мојата жена, мојата ѕвезда“: Јамал со еден коментар ги подгреа гласините за врската

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања