Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Патувања

„Берлин на Балканот“: Еве зошто туристите се воодушевени од Белград

Медиасет.мк
пред 1 месец
knez-mihailova-belgrad

Белград е опишан како „Берлин на Балканот“ во текст на новинарката Оливија Јанг, објавен во туристичкиот магазин AFAR. Таа го издвојува градот поради спојот на бунтовнички дух, пониски цени, улична уметност и богат ноќен живот.

Јанг во својот текст го опишува Белград како град на контрасти, каде што бруталистичката архитектура и трагите од минатото се мешаат со современата уметност, кафулињата, хотелите и музичката сцена. Посебно ги издвојува Савамала и Дорќол, каде што се среќаваат големи мурали и различни архитектонски стилови.

Авторката посочува дека ноќниот живот е една од препознатливите одлики на градот, од сплавовите на Сава и Дунав до рејв-забавите во хали и магацини во текот на постудените месеци.

Според Јанг, Белград во последните години станува сè попривлечен за странските туристи, меѓу другото поради пониските цени во споредба со некои популарни европски градови, како и поради развојот на технолошкиот сектор и подготовките за Експо 2027.

Токму спојот на историјата, архитектурата, уметноста, храната и ноќниот живот, според нејзиниот опис, му дава на Белград карактер поради кој го споредува со „Берлин на Балканот“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

man-chases-plane-at-dublin-airport-after-missing-flight-136429820876502601-180927100034

Рајанер ги менува правилата за багаж: Еве колку време пред летот ќе мора да пристигнете

Патувања | пред 2 дена

media-libraryfakfc0qke79p9Qgxdkz

Брзиот воз од Белград до Будимпешта и Виена тргнува на 13 декември: Познати и првичните цени на билетите

Патувања | пред 2 дена

media-librarym6elskuttj600yjysS2

Сарагоса е избрана за европска зелена престолнина за 2028 година

Патувања | пред 3 дена

media-librarytit8sdv734fvavFW5yj

Планирале одмор на Бахамите, а завршија во Канада: Крузерот ја промени дестинацијата поради невреме

Патувања | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања