Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Без бесконечно скролање: апликација нуди ТВ-искуство на Јутјуб

Медиасет.мк
пред 7 месеци
media-librarytpotbaoteimbcokrVVc
unsplash

Програмерот Стивен Ирби разви веб-апликација наречена „Ченел Сурфер“, која нуди поинаков начин на користење на платформата Јутјуб. Наместо бесконечно пребарување и алгоритамски препораки, апликацијата функционира слично како класична кабелска телевизија.

Корисниците можат едноставно да „префрлаат канали“ и да се вклучат во видео кое веќе се емитува, како кај традиционалната телевизија.

Во почетната верзија има околу 40 тематски канали, кои опфаќаат области како вести, спорт, музика, игри, технологија, вештачка интелигенција и вселена, пренесува „Андроид Ауторити“.

Апликацијата нуди и електронски телевизиски водич што го прикажува програмот за следните 24 часа, овозможувајќи им на корисниците однапред да видат што ќе се емитува на секој канал.

Идејата зад проектот е да се намали таканаречениот „замор од одлучување“, односно проблемот кога корисниците трошат многу време избирајќи што да гледаат. Наместо тоа, концептот е да се врати едноставното искуство на гледање – да се вклучи канал и да се гледа програмата што во моментот се емитува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybk8l23aoas933MzRiwv

Rockstar подготвува поинаков начин на напредување во GTA 6

Технологија | пред 12 часа

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

ЕУ и Канада ги здружуваат силите за развој на вештачката интелигенција

Технологија | пред 16 часа

104637042-GettyImages-513101776

Акциите на Гугл паднаа за 10 отсто, инвеститорите загрижени за милијардите вложени во вештачка интелигенција

Технологија | пред 23 часа

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања