Медиасет.мк logo
Промени тема
Технологија

Бидете внимателни: AI камерите во Грција ги снимаат сите прекршоци и казните пристигнуваат веднаш

Медиасет.мк
пред 6 месеци
media-libraryflied4nfjmu68Ot24Gg
фото: unsplash

Од 28 март 2026 година почнаа со работа AI камерите на 8 точки и 10 автобуси во Атина, а до крајот на годината ќе почнат и во Солун и на Крит, со дополнителни 2000 камери.

Ова повеќе не е систем кој може да се избегне. Контролата сега е автоматизирана.

AI камерите веќе ги испратија и првите 150 казни – директно до прекршителите. Без чекање, преку дигитален систем – автоматски на телефон.

На пример: ако поминете на црвено светло во Атина, камерата ја бележи регистарската табличка, прекршокот се обработува автоматски и казната се испраќа преку дигиталниот систем во рекорден рок на вашиот телефон или е-пошта.

Она што е изненадувачко е дека за само еден месец тестирање, во јануари, се забележани 40.000 сериозни прекршоци. Само една камера (на булеварот Месогеон) забележала 28.000 поминувања на црвено светло!

Што новата AI камера препознава и бележи:

  • табличка на возилото

  • марка

  • модел

  • боја на возилото

До летото се очекува поставување на нови 1000 AI камери. За сега се поставуваат во Атина, но планот е до крајот на годината да се покријат и Солун и Крит.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4iqoeve67knv76F1jQT

ВИ-агенти се обиделе да ги нападнат системите на канадската влада

Технологија | пред 1 час

media-library9bp6f2s84opb8cvI8cn

Падна Gemini, дел од корисниците не можат да ја користат услугата

Технологија | пред 12 часа

29102017155418_web_401089-dzhef-bezos-tret-najbogat-chovek-na-svetot-bafet-ima-pomalku

Безос: Овојпат одиме на Месечината за да останеме

Технологија | пред 1 ден

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

Словенија: 62 отсто од граѓаните користат алатки со вештачка интелигенција

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања