Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Бил Гејтс предупредува: „Можеме да ја изгубиме контролата врз вештачката интелигенција“

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-librarypmcm6mhedpo9aULCyw2

Вештачката интелигенција мора да биде подложена на строги ограничувања, бидејќи ризиците од нејзиниот развој би можеле да ги надминат потенцијалните придобивки, предупреди коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс.

Во текст објавен на неговата страница „Gates Notes“, Гејтс оцени дека одлуките што се носат во овој момент ќе бидат клучни за тоа дали вештачката интелигенција ќе стане алатка за поголема еднаквост или ќе создаде нови форми на неправда.

Тој предупреди на можноста за масовна загуба на работни места, негативно влијание врз образованието и развојот на децата, но и на ризикот моќните модели да бидат злоупотребени од криминалци и други злонамерни актери.

Гејтс сепак смета дека вештачката интелигенција може да донесе големи придобивки, особено во медицината и земјоделството, вклучително и во спречувањето и лекувањето болести.

Како едно од решенијата, тој предлага воведување данок на вештачката интелигенција или роботите, по примерот на даноците што се плаќаат на трудот, со цел да се забави замената на човечката работна сила. Смета и дека одредени професии треба да останат резервирани исклучиво за луѓе.

Гејтс предупреди дека државите мора да реагираат пред масовната невработеност и општествените последици да станат сериозен проблем.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryc0ala5nivlsj4ibdTZd

Што е 5G мрежа и дали навистина вреди да ја вклучите на телефонот?

Технологија | пред 8 часа

media-libraryqeln9amg07f60YnuQQB

Без најава нема пристап: Reddit воведува голема промена за корисниците

Технологија | пред 11 час

media-library51fk1ndk9h27ejUlXuD

Рекорден пад на акциите на „Гугл“: Избришани 500 милијарди долари за еден ден

Технологија | пред 19 часа

media-librarybk8l23aoas933MzRiwv

Rockstar подготвува поинаков начин на напредување во GTA 6

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања