Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Бред Пит: „Имаше момент кога можев да го разберам самоубиството“

Медиасет.мк
пред 2 месеци
Brad-Pitt

Бред Пит во ретко интервју откри детали за еден од најтешките периоди во неговиот живот, поврзан со семејните проблеми по разводот од Анџелина Џоли и односот со нивните деца.

62-годишниот актер нагласи дека никогаш немал суицидни мисли, но призна дека во еден краток период болката била толку голема што можел да разбере како човек би можел да размислува за самоубиство.

„Никогаш не сум имал суицидни мисли. Тоа едноставно не е во мојот карактер. Всушност, ако имам некоја маана, тоа е веројатно тоа што сум роден оптимист“, изјави Пит.

Сепак, тој откри дека во најтешкиот период почувствувал дека не гледа излез.

„Болката беше толку голема што, иако немаше да го направам тоа, можев да го почувствувам студениот челик од куршумот во мојата глава, и тоа ми делуваше како олеснување. И си помислив: ’О, добро, сега разбирам‘, го разбирам самоубиството“, раскажа актерот.

Пит додаде дека неговиот инстинкт за преживување веднаш се активирал и му помогнал да продолжи понатаму.

Кога бил прашан дали овој тежок период бил поврзан со разводот и неговите деца, актерот кратко одговорил: „Семејни работи. Можеме да го оставиме тоа така.“

Пит и Анџелина Џоли се разделија во 2016 година, а нивниот развод официјално беше финализиран во 2024 година, по долгогодишни правни спорови. Двојката има шест деца – Медокс, Захара, Шајло, Пакс, Нокс и Вивиен.

Во меѓувреме, дел од нивните деца се дистанцираа од презимето на актерот. Барањето на Шајло за отстранување на презимето „Пит“ беше одобрено во август 2024 година, додека барањата на Захара и Медокс, според текстот, сè уште се во процедура.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3nmul1gemfk22hVR5ET

Хали Бери ја загуби битката за старателство, синот ќе живее претежно со татко му

Сцена | пред 8 часа

media-librarygofq8qpt2gaf6SfldLy

Серена Вилијамс блесна во леопардов фустан на гала-вечер во Лос Анџелес

Сцена | пред 9 часа

media-libraryfe9c7k3oaojfdJakiDu

Расел Бренд се соочува со судење за сексуални напади, тврди дека останал без поддршка од пријателите

Сцена | пред 1 ден

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања