Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK
Филм

Брус Вилис одбил улога во еден од најдобрите воени филмови на сите времиња

Медиасет.мк
пред 3 седмици
media-librarypjdqtotteib8366iR52

Стенли Кјубрик можел да го има Брус Вилис во една од главните улоги во „Full Metal Jacket“, но актерот ја одбил понудата поради договорните обврски кон телевизиската серија „Moonlighting“.

Воениот филм на Кјубрик од 1987 година и денес се смета за едно од највлијателните остварувања во својот жанр. Приказната го следи патот на група американски маринци за време на Виетнамската војна, од суровата воена обука до борбите во градот Хуе.

Кјубрик за филмот наводно разгледувал повеќе од 3.000 снимки од аудиции, бидејќи сакал да ангажира и помалку познати актери. За улогата на војникот Држок биле разгледувани Ентони Мајкл Хол и Вал Килмер, а меѓу актерите што Кјубрик сакал да ги ангажира бил и Брус Вилис.

Според „Men's Journal“, Кјубрик му ја понудил улогата на Вилис, но актерот морал да ја одбие поради договорот со серијата „Moonlighting“, која се емитувала од 1985 до 1989 година.

На крајот, улогата му припаднала на Метју Модин. Само една година по премиерата на „Full Metal Jacket“, Вилис ја доби улогата на Џон Меклејн во „Умри машки“, филмот што го претвори во една од најпознатите акциони ѕвезди во Холивуд.

Во „Full Metal Jacket“, покрај Модин, играат и Винсент Д'Онофрио, Адам Болдвин и Р. Ли Ерми, чиј лик, наредникот Хартман, стана еден од најпрепознатливите ликови во филмот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvispmuka9j6h8OuLAr8

Анимирана комедија, тинејџерски хит и политички интриги: што да гледате викендов?

Филм | пред 6 дена

media-library5oao0vbfmh377RZaDHC

Мистер Бин се враќа: Роуан Аткинсон ги оживува своите најпознати ликови на сцена

Филм | пред 2 седмици

media-librarydtrknvkpvt60017GwKa

Ен Хатавеј и Дакота Џонсон открија како ја снимиле култната сцена со гризењето во „Верити“

Филм | пред 2 седмици

media-library9cc03dq6p9kvdh39GvZ

Холивуд добива нов гигант: „Парамаунт“ и „Ворнер Брос“ под еден покрив

Филм | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања