Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

Цеца откако дојде во „Гранд“: Не е поентата да се омаловажуваат кандидатите и да плачат на сцена

Медиасет.мк
пред 5 години
ceca

Откако српската продукциска куќа „Ѕвездите на Гранд“ објави дека жирито ќе се приклучи Цеца наместо Карлеуша, не стивнуваат коментарите во јавноста.

Во интервју за српските медиуми, таа вели дека раководството на Гранд продукција пројавило интерес за неа и дека добила отворени и фер преговори.

„Земјотрес не се случи, туку одлична понуда и взаемна добра волја да се подигне едно музичко натпреварување на уште повисоко ниво и дополнително да се популаризира. Со заеднички сили и искуства, ќе формираме нови лица на музичката сцена. Преговорите траеа извесно време, а ние ги конкретизиравме дури вчера. Не сакав да зборувам за тоа јавно додека не се потпиша договорот, штом тоа беше направено, продукцијата излезе со своето соопштение. Имам искуство од ваков тип на натпревари, прво сама учествував на нив и се борев за првите места, а потоа кога направив одредени години во кариерата, станав дел од „Пинкови sвездички“. Искрено, добив одлични впечатоци од тој натпревар.

На прашањето дали ќе биде строга во оценувањето, таа одговори: „Не можам да одам против моите принципи до кои се придржував со години. Односно да го кажам своето мислење за тоа како некој пее, на културен и убаво формилуран начин, без да ја посрамотам личноста или јавно да ја изложам на потсмев. Тоа се млади луѓе кои немаат доволно искуство на сцената, дури ни пред камера, а особено не кога пред нив седат речиси десет луѓе кои треба да ги оценат. Во исто време собраат многу храброст да пробаат нешто ново и да се изборат за подобро утре“, заклучи Ражнатовиќ

Таа додава дека според неа поентата на натпреварот не е некој да плаче на сцената, додека друг вика по кандидатите и ги омаловажува, туку треба да влијае врз кандидатот да биде уште подобар во секој нареден круг. И на крајот, треба да победи оној што најмногу работел на себе или има најголем талент.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1i0ikdpkc4hlfD2mZnU

Наводна расправија во Холивуд: Кендал Џенер и Хејли Бибер не ја поднесуваат Сидни Свини

Сцена | пред 4 часа

media-library2s6kjmcmrrfa5Mf8Rxt

(Видео) Арина Сабаленка објави видео во црн костим за капење и привлече големо внимание

Сцена | пред 8 часа

media-library4brjs2fjlur0fQ9Eki2

Шакира се расплака на сцената во Мадрид: „Поминав низ тешки моменти“

Сцена | пред 1 ден

media-libraryvkj72cof04062Uj89F1

Поскапува туристичката такса во Србија: Еве колку ќе се плаќа по ден

Патувања | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања