Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Четири години без Александар Џамбазов – маестро чија музика живее

Медиасет.мк
пред 9 месеци
CaptureFEREQYT4QETY

Денес се навршуваат четири години од смртта на Александар Џамбазов, еден од најголемите велемајстори на современата македонска музика, чиј творечки и културен печат останува длабоко врежан во националната меморија.

Роден на 3 февруари 1936 година во Стапар, Александар Џамбазов изгради импресивна кариера како диригент, композитор и културен визионер. Дипломирал на Музичката академија во Белград, а целиот свој работен век го посвети на Македонската радио-телевизија, каде што беше диригент на Танцовиот и ревискиот оркестар. Преку бројни снимки и концерти, во земјава и надвор од неа, тој го претставуваше автентичниот дух на македонската музика.

Неговиот творечки опус е исклучително богат и разновиден. Џамбазов е автор на бројни детски песни и беше иницијатор и долгогодишен диригент на фестивалот „Златно славејче“, кој остави неизбришлива трага во музичкото детство на многу генерации. Тој компонираше сценска и филмска музика, меѓу кои и за филмот „Мементо“, како и за драмите „Мајка“ и „Двајца на нишалка“. Во областа на класичната музика се издвојуваат делата „Рапсодија за Скопје“ и „Седум танцови варијации“, како и бројни хорски и популарни композиции со трајна уметничка вредност.

За својот исклучителен придонес, маестро Џамбазов доби повеќе од 40 награди и признанија, меѓу кои и државната награда „11 Октомври“, како и наградата „13 Ноември“ на Град Скопје.

Александар Џамбазов почина на 25 јануари 2022 година во Скопје, но неговото дело продолжува да живее. Четири години по неговото заминување, македонската култура и понатаму се потпира на темелите што тој ги постави, а неговата музика останува извор на инспирација и симбол на вистинска уметничка посветеност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypatd8f5vmmv6eZtSAC6

Четири намирници имаат повеќе протеини од јајцата, а се добри и за срцето

Вирално | пред 16 часа

media-librarymaftjrrt0nvg1RvFgqT

Познати личности на кои им е забранет влез во одредени држави

Сцена | пред 16 часа

horoskop1

За три хороскопски знаци од утре започнува период на голем успех

Вирално | пред 17 часа

media-library43qqcuvmq7345p1dy6I

Мајкрософт го реши големиот дефект по повеќе од 24 часа: Еве што го предизвика прекинот

Технологија | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања