Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Сцена

ЦИА: Терористите на концертот на Тејлор Свифт во Виена сакале да убијат десетици илјади луѓе

Медиасет.мк
пред 2 години
tejlor-svift-1200x675-1

Осомничените зад нападот на концертот на Тејлор Свифт во Виена планирале да убијат десетици илјади луѓе, изјави заменик директорот на ЦИА. Дејвид Коен се осврна на неуспешниот терористички заговор за време на Самитот за разузнавање и национална безбедност, кој се одржа оваа недела во Мериленд.

„Планираа да убијат огромен број луѓе на тој концерт, десетици илјади, меѓу кои сигурно ќе има многу Американци. Имаа детален план“, изјави вчера Коен. „Австријците можеа да ги уапсат бидејќи ЦИА и нашите разузнавачки партнери им дадоа информации за тоа што планира оваа група поврзана со ИСИС“, додаде тој.

Австриските власти велат дека главниот осомничен, 19-годишен Австриец, бил инспириран од Исламската држава. Тој, наводно, планирал да изврши напад со нож или рачно изработен експлозив надвор од стадионот, каде што требало да се соберат повеќе од 30.000 луѓе. Во тоа време внатре во стадионот требаше да има уште 65.000 посетители.

При претресот на куќата на осомничениот, истражителите пронашле хемикалии и направи со кои тој планирал да го изврши нападот.

Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер изјави дека им е потребна помош од други разузнавачки агенции бидејќи австриските истражители, за разлика од некои странски служби, не можат законски да ги следат СМС пораките.

Адвокатот на 19-годишниот, пак, тврди дека обвинувањата се претерани и дека австриските власти го преувеличувале случајот за да добијат нови овластувања во поглед на надзорот. Главниот осомничен и 17-годишникот беа приведени на 6 август, ден пред да биде објавено дека концертот ќе биде откажан. Третоосомничениот (18) е уапсен на 8 август. Нивните имиња не се објавени поради австриските закони за приватност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library95a6uctk8oikaInxc5O

(Видео) Сергеј Варошлија: Сè уште сум на суд поради модни критики!

Сцена | пред 52 минути

media-librarykiumsjo60c1c74VjKCR

Таткото на Меган Маркл обвинет за поседување на детска порнографија

Сцена | пред 1 ден

media-librarymslk2s8q210jarrJouH

Голема вест за фановите: Малума ја вклучи Приштина во светската турнеја за 2027 година

Сцена | пред 2 дена

media-library5qcv1rtnih224cN8m3Q

Реј го изедначи рекордот на Бијонсе со 11 номинации за „Греми“

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања