Медиасет.мк logo
Промени тема
Вирално

Цибулкова верува во Швјонтек: Повторно може да биде светски број еден

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-library5vkk4o9572aj27AOPkZ
фото: unsplash

Поранешната четврта тенисерка во светот, Доминика Цибулкова, смета дека Ига Швјонтек има квалитет повторно да стане светски рекет број еден, и покрај послабите резултати во изминатата година и пол.

Полската тенисерка моментално се наоѓа на осмото место на ВТА-листата, откако не успеа да ја одбрани титулата на Вимблдон, каде што беше елиминирана во третото коло од Алекс Ијала.

Според Цибулкова, најголемиот проблем на Швјонтек не е играта, туку менталниот пристап.

„Навивам за Ига Швјонтек. Мислам дека во мечевите што ги губи, таа всушност губи од самата себе“, изјави словачката тенисерка.

Таа додаде дека кога Швјонтек е психолошки стабилна и самоуверена, многу малку тенисерки можат да ја победат.

„Сè е прашање на самодоверба. Секако дека треба многу да се тренира, но ако не сте во вистинска психолошка состојба, можете да ја изгубите самодовербата по само еден натпревар“, истакна Цибулкова.

Ига Швјонтек досега има освоено 25 ВТА-титули, меѓу кои и шест гренд слем трофеи – четири на Ролан Гарос, еден на УС Опен и еден на Вимблдон.

Таа вкупно 125 недели беше на врвот на ВТА-листата, а последен пат првото место го држеше во октомври 2024 година.

„Сигурна сум дека може да се врати на првото место. Навистина верувам дека повторно ќе биде број еден“, порача Цибулкова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8rtsc8vbhkjsakqhnAB

(Видео) „Дали и ние сме вештачка интелигенција?“: Кардашијанс со необичен почеток на новата сезона

Сцена | пред 6 часа

media-libraryquql6blcpi8882E5Q39

(Фото) Дуа Липа повторно во центарот на вниманието: Виолетов блејзер и црна долна облека

Вирално | пред 8 часа

media-librarydmc2bi7gm1vf532tfsF

Истражување открива можни проблеми со ноктите кај корисниците на „Оземпик“

Вирално | пред 9 часа

media-librarynhcpn0oapvnrdZnBWp0

Три хороскопски знаци влегуваат во најубавата деценија од животот: ги очекуваат успех и мир

Вирално | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања