Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

Чолиќ проговори за романтичниот викенд со Фрида од АББА

Медиасет.мк
пред 5 години
zdravko-colic-koncert

Балканската ѕвезда Здравко Чолиќ, кој 20 години е во брак со Александра, призна дека во 70-тите години имал кратка љубовна врска со Фрида Линдстад од групата АББА. Здравко откри дека се запознале на Евровизија и поминале еден викенд заедно, а потоа таа го оставила. Чолиќ вели дека по викендот со Фрида, се чувствувал искористен.

„Фрида ја запознав на Евровизија. После тоа ми се јави и ме покани да отидам кај неа во Шведска. Ја прифатив поканата и имав големи очекувања, ама по викендот, таа ме откачи и се чувствував искористено. Како инстант-супа, ја правиш за 5 минути, ја јадеш жешка и тоа е тоа. А сè имаше на средбата: и камин, и свеќи, и цвеќе, и риба, и бадеми, и етерични масла… Но, ја немаше онаа вистинска страст што се случува меѓу маж и жена. Не беше спонтано, некако вештачки бевме и двајцата“, рекол Чолиќ за викендот со Фрида.

Популарниот музичар и денес важи за еден од најголемите заводници на естрадата, но тој речиси никогаш не зборува за приватниот живот и за бракот со Александра, ни за нивните две ќерки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1i0ikdpkc4hlfD2mZnU

Наводна расправија во Холивуд: Кендал Џенер и Хејли Бибер не ја поднесуваат Сидни Свини

Сцена | пред 2 часа

media-library2s6kjmcmrrfa5Mf8Rxt

(Видео) Арина Сабаленка објави видео во црн костим за капење и привлече големо внимание

Сцена | пред 5 часа

media-library4brjs2fjlur0fQ9Eki2

Шакира се расплака на сцената во Мадрид: „Поминав низ тешки моменти“

Сцена | пред 1 ден

media-libraryvkj72cof04062Uj89F1

Поскапува туристичката такса во Србија: Еве колку ќе се плаќа по ден

Патувања | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања