Да останевнте во Белград ќе имавте музеј, тука остана само „циганка“ мајко: Пет години од смртта на Есма
Пред пет години по кусо боледување почина кралицата на ромската музика Есма Реџепова-Теодосиевска. Зад неа остана 55 годишна музичка кариера, традиција, име, музика, настапи… и за жал ограабен дом во Скопје кој тоне во ѓубре и кој никако да стане музеј. Се што имаа Есма и Сево го поклонија на државта.За разлика од тука, во Брисел по неа е иманеувана и метростаница, а во Швајцарија еден фестивал го носи нејзиното име. Кај нас, за жал, само сеќавања…
„Изминаа пет години откако те нема.Имавте една прекрасна идеја, да оставите нешто што ќе биде поттик за младата генерација, но за жал едни обични луѓе, кои што немаат врска што е уметник, творештво и сл., ги оспоруваат вашите желби. Но,она што е најтрагично е фактот дека и сегашната власт не ја почитува вашата желба.
Можеби ќе беше подобро да останевте во Белград, каде што ве молеа да ви изградат музеј, каде и да посакавте, но ете вашиот патриотизам ве врати во Македонија, од каде и бевте избркани, само поради тоа што пеевте на ромски јазик, и ти беше само една “циганка“ . Трагично е ова што се случува, но јас се уште имам сила да се борам“, вели Симеон Атанасов, синот на Есма.
Животниот пат на Есма Реџепова-Теодосиевска
На 11 декември 2016 година на 73 годишна возраст, почина кралицата на ромската музика Есма Реџепова-Теодосиевска. Зад неа остана 55 годишна кариера со многу успеси. Кога со сопругот Стево се врати во Македонија, по распаѓањето на Југославија, Есма стана вистински музички амбасадор на својата татковина во светот. Родена е како петто дете во семејствто на Чанија и Ибраим Реџепов, во мала сиромашна куќичка во центарот на Скопје.
Таткото Ибраим во април 1941 година на почетокот на Втората светска војна ја изгубил едната нога, но и како таков се трудел со сите сили да ги издржува четирите ќерки и двата сина. Беше уличен чистач на чевли, но бидејќи останал инвалид, некој постојано морал да му помага, да му ја носи кутијата со бои и четки. Покрај останатите браќа и сестри, и малечката Есма станала постојан помошник на татка си. Парите што и таа си ги заработувала всушност ги штедела за да оди во кино кое многу го сакала. Како девојче била многу бунтовна. Најмногу и пречеше што во тоа време ја понижувале со прекарот “Циганката“. Но, таа никогаш не се срамела од ниту една работа. И како деветгодишното девојче чистела и перела во богатите семејства. Од најраната младост се истакнува со прекрасен глас, дар од природата. Песната пополека почнува да и станува се на овој свет.
За Есма набргу слушнал и маестро Стево Теодосиевски. Тој доаѓа во Скопје само за да го убеди таткото на Есма да и дозволи на ќерката да настапува со неговиот ансамбл. Од тогаш во животот на Есма се се менува од корен. Стево и Есма набргу ја освојија целата Југославија со своите оригинални концерти, а потоа и целиот свет. Домот им станал стариот автомобил на Стево Теодосиевски, а немаше еден ден кога не беа по патиштата освојуваќи ја планетата со песната. Во 1960 година се преселуваат да живеат во Белград, главниот град на тогашната заедничка држава во кој ширум им се отвараат вратата на мегапопуларноста. Во Белград останаа се до распадот на Југославија, а потоа по желбата на Стево во 90-тите години се враќааат во Скопје, во кое ја изградија својата куќа на скопското “Кале“(и која по нивната смрт остана во сопственост на државата Македонија).
Со Стево Теодосиевски, Есма стапува во брак во 1968 година. Скопјани и денес се сеќаваат на нивната голема, весела ромска свадба. Есма станала толку многу популарна пејачка, па поради тоа влегла и во протоколот на претседателот на Југославија, Јосип Броз Тито кој инаку многу сакаше да ја слуша да му пее во живо.Пеела и пред голем број Председатели, кралеви, цареви, принцови, а во сеќавање останува и нејзиното искрено пријателство со големата Индира Ганди.
Есма Реџепова објави повеќе од 600 песни, кои се снимени на грамофонски плочи и касети. Имаше над 50 илјади концерти, според некои слободни проценки, и настапуваше во кој знае колку ТВ-емисии. Секако дека најмногу пееше на ромски и македонски јазик, но исто така пееше и на српскохрватски, турски, хебрејски, грчки и хинди јазик. Нејзината најпопуларна (и авторска) песна “Чае шукарие“ која и денес се пее со иста љубов на секаде, стана и официјална химна на сите Роми низ светот.
Да беше жива и сега за своја душа често ќе си ја запееше својата најомилена песна, нејзината интимна химна „Чекај животе“. Но, тажно е што животот не ја чекаше онака како што Есма посакуваше низ песните со кои низ светот ја славеше и се гордееше со својата родна татковина Македонија.
Петар дојде на аудиција за вработување, а јас бев во жирито, си реков ’види што убав е дечково‘: Љубовната приказна на Емра Куртишова
Македонската актерка Емра Кутришова неодамна се омажи со својот колега, актерот Петар Стојанов. По три години врска двојката реши да се венча, а свадбата беше во Гевгелија, од каде што е Петар. Емра вели дека имале преубава свадба за која сè уште се зборува. Конечно успеа да ги присобере впечатоците, па во разговор за Репортер ни ја откри и љубовната приказна со сопругот, но и како поминел подготовките околу свадбата. Зборуваме и за идните планови во однос на нејзината кариера.
„По 7 јуни, еве уште се зборува за свадбата и баш тоа ми буди радост и ми дава до знаење дека навистина гостите заедно со мене и Петар си поминаа прекрасно“, ни открива актерката Куртишова. На прашањето како сега се чувствува во брак, вели: Искрено, не е ништо поразлично бидејќи ние веќе подолг период живееме заедно. Тоа е доказ дека таа хартија не менува ништо, единствено што на некој начин се официјализира врската. Така што сè си е какошто било и до сега. Единствено што сменив, е што освен што го задржав моето презиме, го додадов и неговото, и секако се тоа со заеднички договор‘, ни откри Емра, која публиката ја засака како Исура, од хит-серијата „Преспав“.
Свадбата беше во Гевгелија. Немало многу гости, туку прославата била во најтесниот круг на семејството. Но како и секоја свадба, така и оваа поминала со малку драма.
„За нервозите околу свадбата ангажирани беа сите околу мене, јас бев многу опуштена. Не знам како ми успеа, но, навистина ништо не допираше до мене, едноставно сакав да ми е мирно во душата. Но, пак не беше сè подмачкано. Бидејќи дента патувавме од Скопје и секако чичко Марфи мораше да вмеша прсти, врвот беше дека јас и Петар доцневме на сопствената свадба, не многу долго. Па кога стигнавме наместо ние да ги пречекаме гостите, се случи обратно. Сега кога ќе се присетиме на тој момент ни делува како од некоја комедија, и навистина беше смешно“, вели Емра и додава: Најважно е дека сè помина во најдобар ред, беше убава мини свадба за паметење.
Атмосферата се вжешти кога Петар го зеде микрофонот и буквално не го остави … па, со оглед на тоа колку го крена расположението се пошегував и му предложив во слободно време да пее на свадби, на што ми одговори дека ќе размисли“, се шегува актерката. Таа ни откри и дека немале обичаи бидејќи свадбата ја правеле во работен ден. Сè почнало и завршило во ресторанот, вели актерката, и затоа што биле растоварени од сите обичаи, имале повеќе време за убава веселба.
Интересна е и нивната љубовна приказна, за која Емра првпат открива во разговорот за Репортер. “ Искрено да ти кажам, љубовта почна необично и неочекувано. Во 2018 имаше аудиција за вработување на нови актери во Театарот за деца и младинци. По некоја случајност јас бев дел од жирито и тогаш прв пат го видов Петар. Кога излезе на сцената, си помислив ’види што убав е дечково хаха‘. Морам да признаам дека му личеше сцената и имаше потенцијал за да се вработи и стане дел од театарот. Така и бидна“, искрена е актерката Куртишова-Стојанова и додава: Нашиот прв заеднички процес во театарот беше претставата „Едвард раце ножици“ каде почнаа првите љубовни искри, ама од негова страна, а јас ’се држев бев ’како незаинтересирана. Тој момент не траеше долго, не можев да му одолеам и се случи љубов. Почнавме да живееме заедно и сфативме дека добро ни оди, па решивме да се земеме“.
Заедничката работа во театарот, кога се и колеги и во љубовна врска, колку и да е добра, некогаш носи непријатни моменти, кавги. Па зборуваме и за тоа, на што актерката вели: „Реално тоа до сега се нема случено, но, не е чудо да се случи. Приватноста се остава на влезот пред театарот, наша задача е со полна концентрација да си ја одиграме претставата, а проблемот да се реши по завршувањето на истата. Јас и Петар сме различни во карактерите, ама сметам дека тоа е причината зошто сме заедно. Секако дека нè привлекуваат исти нешта и тоа го прави балансот во врската“, открива таа.
Емра во моментов е во Србија, каде подолг период работи на филм и серија. Но, засега, вели таа не смее да открива многу, бидејќи сè уште е рано. И оваа година зад себе имаа успешна работа во Театарот за деца и младинци. Ни откри дека на куклениот фестивал во Подгорица, со претставата „Палешка“ таа и нејзиниот колега Мартин Јорданоски добиле награда за партнерска игра. Потоа се случила претставата „Роња“ која сè уште ги добива сите главни награди од фестивалите. „Морам да признаам дека оваа претстава е една од поубавите во нашиот театар, и топло ја препорачувам на сите оние што не ја гледале.
Во моментов во театарот се работи „Франкенштајн“ и со нетрпение ја очекуваме премиерата“, раскажува таа. Публиката ја засака како Исаура, па ја прашаме дали мисли дека е време да ѝ се врати на телевизијата и дали ќе има нова сезона на хит-серијата?
“ Преспав ми фали веќе две години, и не само мене. Публиката си го кажа своето, серијата помина со огромен успех, а, за тоа се доказ бројните пораки кои ги добивам на Инстаграм. Секоја успешна приказна си има свое продолжение, па да се надеваме дека тоа ќе се случи и со Преспав, открива Емра.
Поранешниот капитен на Македонија, Горан Пандев присуствуваше на натпреварот во Џенова, меѓу неговиот поранешен клуб и Наполи. Имаше можност да го гледа својот наследник во репрезентацијата, Елиф Елмас, кој не се прослави на овој натпревар.
Елмас успеа да добие жолт картон по само 13 секунди игра и со тоа да собори еден неславен рекорд во историјата на италијанскиот фудбал. Напаѓачот жестоко стартуваше над противничкиот играч Гудмундсон. За потсетување, натпреварот меѓу Џенова и Наполи заврши без победник 2:2.
Караванот „Македонијо во срце те носиме“ патува во Велес
Проектот со потписот на Скендеровски продукција, а во чии рамки 12 македонски изведувачи препеаја исто толку родољубиви песни, сите во нов аранжман од маестро Николче Мицевски, има цел да им се продолжи векот на песните и да се испрати порака особено до младите генерации за нивната земја и нејзиното наследство.