Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Дали Душко ја изненади Карлеуша? На нејзината адреса стигна подарок од 20.000 евра

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-library2gqrba7irreo8m2oDCW

Јелена Карлеуша го прослави својот 48. роденден во кругот на семејството и најблиските пријатели, но еден од подароците што пристигнал на нејзината адреса привлече особено внимание во јавноста.

На 17 август, во нејзината вила на Дедиње пристигнале бројни букети и подароци, меѓу кои се издвоил нов модел на „Биркин“ чанта од францускиот бренд „Хермес“. Чантата е во коралноцрвена боја, со големина 35, а нејзината вредност се проценува на околу 20.000 евра.

Не е познато кој ѝ го подарил луксузниот моден додаток, но тоа веднаш поттикна шпекулации дека зад подарокот можеби стои нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ.

Дополнително внимание предизвика и фактот што Тошиќ бил присутен на роденденската прослава, што повторно ги отвори прашањата за нивниот однос.

Карлеуша е позната како голем љубител на луксузната мода, а во нејзината колекција веќе има повеќе модели на „Хермес“, вклучително и ретки и колекционерски примероци. Доколку новата „Биркин“ навистина е подарок од Тошиќ, станува збор за едно од највредните изненадувања што ги добила пејачката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3nmul1gemfk22hVR5ET

Хали Бери ја загуби битката за старателство, синот ќе живее претежно со татко му

Сцена | пред 13 часа

media-librarygofq8qpt2gaf6SfldLy

Серена Вилијамс блесна во леопардов фустан на гала-вечер во Лос Анџелес

Сцена | пред 14 часа

media-libraryfe9c7k3oaojfdJakiDu

Расел Бренд се соочува со судење за сексуални напади, тврди дека останал без поддршка од пријателите

Сцена | пред 1 ден

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања