Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Дали навистина раскинаа Бака Прасе и Милена? Тој сам на свадба, таа во теретана

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-librarya1kih726cuhi6HDALmC

Српскиот јутјубер и инфлуенсер Богдан Илиќ, познат како Бака Прасе, и Милена Стаменковиќ повторно се најдоа во центарот на вниманието, откако фановите забележаа дека повеќе не се следат на социјалната мрежа Инстаграм, а од нивните профили исчезнаа и заедничките фотографии.

Ова веднаш ги поттикна шпекулациите дека познатиот јутјубер и неговата девојка ставиле крај на врската. Сепак, ниту еден од нив досега јавно не потврдил дека раскинале.

Ситуацијата дополнително ја усложни Бака Прасе со своето последно обраќање во живо на „Кик“. Тој најави дека ќе се повлече од интернетот на извесен период, но не откри што точно го натерало на таков чекор.

„Многу работи се насобраа, многу работи се случија, така што време е да заминам. Не засекогаш, немојте да се грижите. Време е да се изгасам и да се исклучам од интернетот, којзнае на колку време“, изјавил тој.

Неговите зборови дополнително ги поттикнаа шпекулациите, па додека едни сметаат дека навистина има проблеми во нивната врска, други се сомневаат дека станува збор за намерно предизвикување внимание или маркетиншки потег.

Бурни реакции се појавија и по нивните сториња на Инстаграм од вчера, каде што тој објави слики дека е сам на свадба кај близок пријател, додека во истиот период таа стави слика од теретана.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3nmul1gemfk22hVR5ET

Хали Бери ја загуби битката за старателство, синот ќе живее претежно со татко му

Сцена | пред 15 часа

media-librarygofq8qpt2gaf6SfldLy

Серена Вилијамс блесна во леопардов фустан на гала-вечер во Лос Анџелес

Сцена | пред 16 часа

media-libraryfe9c7k3oaojfdJakiDu

Расел Бренд се соочува со судење за сексуални напади, тврди дека останал без поддршка од пријателите

Сцена | пред 1 ден

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања