Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Деактивирани речиси пет милиони тинејџерски профили на социјалните мрежи во Австралија

Медиасет.мк
пред 9 месеци
zabrana

Социјалните мрежи во Австралија деактивирале околу 4,7 милиони профили на корисници помлади од 16 години, само еден месец откако стапи на сила првиот закон во светот што им забранува пристап на тинејџерите до овие платформи, соопшти австралискиот регулатор за интернет безбедност.

Комесарката за е-безбедност Џули Инман Грант изјави дека бројот на затворени профили е значително поголем од претходните процени и укажува дека платформите сериозно пристапиле кон усогласување со законот, кој важи од 10 декември, пренесува Ројтерс.

Законот предвидува казни до 49,5 милиони австралиски долари за компаниите што нема да го почитуваат, додека децата и нивните родители не сносат одговорност.

Компанијата Meta претходно соопшти дека отстранила околу 550.000 профили на помлади корисници од Instagram, Facebook и Threads. Забраната за минимална возраст важи и за YouTube, TikTok, Snapchat и X.

Од американската платформа Reddit потврдија дека го почитуваат правилото, но најавија и тужба против австралиската влада, која, пак, соопшти дека ќе ја брани регулативата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library51fk1ndk9h27ejUlXuD

Рекорден пад на акциите на „Гугл“: Избришани 500 милијарди долари за еден ден

Технологија | пред 43 минути

media-librarybk8l23aoas933MzRiwv

Rockstar подготвува поинаков начин на напредување во GTA 6

Технологија | пред 13 часа

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

ЕУ и Канада ги здружуваат силите за развој на вештачката интелигенција

Технологија | пред 17 часа

104637042-GettyImages-513101776

Акциите на Гугл паднаа за 10 отсто, инвеститорите загрижени за милијардите вложени во вештачка интелигенција

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања