Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Филм

Десет актери кои признале дека со нив било тешко да се работи

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-libraryc85rcmipm8m76O0Osxu
Photo by Avel Chuklanov on Unsplash

Глумците пред камерите често остануваат запаметени по своите улоги, но дел од холивудските ѕвезди со текот на годините стекнале и репутација на тешки соработници зад камерите. Некои од нив отворено зборувале за своето однесување и признавале дека знаеле да создадат напнатост на филмските и телевизиските сетови.

Меѓу актерите кои јавно ја признавале својата репутација се Бил Мареј, Кристијан Бејл, Едвард Нортон, Шон Пен, Вал Килмер, Расел Кроу, Николас Кејџ, Дастин Хофман, Менди Патинкин и Чеви Чејс.

Бил Мареј, познат по улогите во „Истерувачи на духови“ и „Бескраен ден“, во текот на кариерата бил поврзуван со повеќе инциденти. Познат е и неговиот конфликт со режисерот Харолд Рамис за време на снимањето на „Бескраен ден“, а продукцијата на филмот „Being Mortal“ на Азиз Ансари била прекината поради поплаки за неговото однесување. Мареј подоцна изјавил дека разбрал оти времињата се промениле и дека она што некогаш го сметал за смешно, денес можеби не е такво.

Кристијан Бејл во 2008 година се најде во центарот на вниманието поради снимка од неговиот испад на снимањето на „Терминатор: Спасение“. Тој му се развикал на директорот на фотографија Шејн Хурлбут, а подоцна јавно се извини и своето однесување го нарече „непростливо“.

Едвард Нортон, пак, во Холивуд е познат како перфекционист. По несогласувањата со режисерот Тони Кеј за филмот „Американска историја X“ и наводното инсистирање на поголема контрола врз „Неверојатниот Халк“, актерот станал свесен за својата репутација. Сепак, тој смета дека дел од приказните се претвораат во непотребна драма.

Шон Пен исто така отворено зборувал за својот карактер и признал дека не е лесна личност за соработка. Тој рекол дека понекогаш бил особено критичен кон режисерите кога сметал дека не ја завршуваат добро својата работа.

Вал Килмер, кој почина во 2025 година на 65-годишна возраст, имал репутација на тежок соработник, за што јавно говореле и некои режисери со кои работел. Килмер самиот подоцна признал дека во минатото се однесувал лошо и дека неговото однесување било грешка.

Расел Кроу со години бил следен од слична репутација. Иако некои режисери го бранеле, самиот актер во едно интервју признал дека во одредени ситуации се однесувал како „кретен“ и дека жали за дел од своите постапки.

Николас Кејџ, пак, се присетил на периодот кога го снимал „The Cotton Club“ во 1984 година и признал дека целосно се внесол во улогата, поради што навредувал луѓе и во еден момент ја искршил својата приколка. Подоцна признавал дека таквото однесување му создало лоша репутација во филмската индустрија.

На листата е и Дастин Хофман, кој уште во 1970-тите отворено зборувал за тоа дека го сметаат за „тежок“. Тој велел дека ако тоа значи дека не се согласува со сè, тогаш таков бил уште од почетокот на кариерата.

Менди Патинкин, познат по „Принцезата невеста“ и серијата „Злосторнички умови“, исто така признал дека не секогаш бил најдобар соработник. За своето однесување во серијата „Chicago Hope“ подоцна рекол дека било ужасно, додека во однос на репутацијата на тежок актер изјавил: „Повеќе не сум, но бев“.

Чеви Чејс, пак, со години е поврзуван со конфликти со колеги, уште од времето на „Saturday Night Live“, па сè до неговото заминување од серијата „Community“. За негативните коментари од поранешните колеги тој во 2022 година изјавил дека едноставно не се грижи и дека е задоволен од тоа кој е.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

johnny-depp-sept-2020

Актери кои добиле милиони за филмови во кои никогаш не се појавиле

Филм | пред 3 дена

media-library9s7sf0om7atjcRFPX5R

Најлошите филмови во кариерата на познатите холивудски актери

Филм | пред 3 дена

media-librarykijvavuogcludxuXRzl

Брус Вилис го советувал Бен Афлек да одбие филм што освои седум „Оскари“

Филм | пред 5 дена

media-libraryeoq6ppfns9o4bzG2qGi

Шест филмови и серии на Нетфликс што вреди да ги гледате овој викенд

Филм | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања