Connect with us

#ФАЦИ

Диџеј Александар Галоски е на светската листа за најдобри продуценти и артисти за електронска музика

Македонскиот диџеј и продуцент Александар Галоски (30) влезе во историјата како прв артист од Македонија што се рангира на елитната и светска 101 tracklist, и тоа на 69-тото место на најдобри продуценти и најподдржани артисти за електронска музика во светот.

Тој е еден од ретките балкански артисти што има милионски преслушувања на музичката стриминг-платформа Spotify. Исто така, тој ја доби титулата артист за јули од страна на Tomorrowland, eден од најголемите музички фестивали и рендови претставајќи го како артист со светла иднина. Но, доби и поддршка од популарниот хит-мејкер Џонас Блу.

Неговите изданија летово беа емитувани на светски познатното BBC Radio и на KISS FM, како и на уште многу други реномирани радиостаници во светот. Тие може да се чујат и на плејлистите на најголемите светски диџеи, како Тиесто, Дејвид Гета, Мартин Гарикс, Афроџек, Стив Аоки, Дон Дијабло, Алесо итн.

Најновото музичко дело на Галоски, Thinking About You, официјално ќе излезе в петок во издание на Future Music House, која важи за една од најголемите издавачки куќи во светот.

Извор: Репортер.мк

#ФАЦИ

Забавата може да почне, вели Дејан Манасков по операцијата на коленото

Крилото на македонската ракометна репрезентација, Дејан Манасков, успешно го оперираше коленото во приватна клиника во Скопје, откако пред две недели се повреди на натпревар на „Веспрем“. Манасков тогаш ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото, а му беа оштетени и страничните вкрстени лигаменти и ‘рскавицата.

„Операцијата помина добро, се чувствувам одлично. Благодарам за сите ваши пораки со поддршка изминативе две недели. Забавата може да почне, а ние се гледаме наскоро. Ве сакам сите“, напиша ракометарот.

Поради повредата, Манасков најверојатно нема да настапи на Светското првенство во ракомет во јануари догодина.

Извор: Репортер.мк

Continue Reading

#ФАЦИ

(Фото) Игор возбуден: Илина ми се враќа дома

Актерот и шоумен Игор Џамбазов објави дека неговата девојка, Илина Арсова, се враќа од Еквадор каде ги освојуваше тамошните врвови. Алпинистката по речиси два месеци се враќа во Македонија.

„И шо викаш, се враќаш набргу? Ил сос мен се подиграваш?“

Тој сподели и Инстаграм стори од Илина со маска испишана со неговото име.  „Леси се враќа дома“, вели Џамбазов.

Парот ја започна врската за време на карантинот, лани, и оттогаш постојано објавуваат заеднички фотографии и спомени. Пред речиси два месеци, алпинистката се искачи на еден од највисоки активни вулкани во светот, Котопакси.

„Во Македонија можеби сум кралица на планините, но овде во Еквадор уште учам“, рече тогаш Илина и им се заблагодари на луѓето од нејзиниот тим.

За потсетување, Илина е првата Македонка која успеала да ги искачи седумте највисоки врвови на седумте континенти. Во 2019-тата година, таа се искачи на врвот Винсон на Антартик со што ја заврши мисијата „седум врвови“.

(Галерија) „Во Македонија сум кралица на планините, но, тука уште учам“, Илина Арсова во Еквадор го искачува еден од највисоките активни вулкани Котопакси



Извор: Репортер.мк

Continue Reading

#ФАЦИ

Петар Богатиновски e првиот Македонец кој ќе вози на Светското првенство во картинг

Петар Богатиновски (12) е првиот Македонец кој некогаш се квалификувал за светско првенство во картинг, откако победи во Централна Европска Зона. Со освојување на титулата во ЦЕЗ, тој обезбеди учество на светското големо финале во Бахреин, кое ќе се одржи од 11 – 18 Декември оваа година.

Веста за неговиот успех ја сподели и претседателот на држвата, Стево Пендаровски, на својот официјален Фејсбук профил.

„Петар Богатиновски со победата во Централна Европска Зона – CEZ, е првиот Македонец којшто се квалификуваше за светското првенство во Бахреин во декември годинава. Поддршка за Петар!“, стои во неговата објава.

 

На финалето ќе учествуваат сите светски шампиони, вклучувајќи го и Петар, каде ќе имаат можност да добијат картингзи и мотори по пат на лотарија од страна на организаторите.

Богатиновски покрај освоената титула во ЦЕЗ (Централна Европска Зона),тој воедно учествуваше и во ССК (Спорт Стил Куп), каде исто така ја освои титулата.

Богатиновски во 2018 година ја освои вицешампионската титула во Централно Европската зона, а покрај тоа овие награди, има освоено пет трофеи. Од кои три во српскиот и два во македонскиот шампионат.

фото: официјалниот Фејсбук профил на претседателот Стево Пендаровски

Извор: Репортер.мк

Continue Reading
Advertisement

Инста

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020

error: