Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Филм

Disney го најави „Zootopia 3“: Познато кои ликови се враќаат

Медиасет.мк
пред 3 месеци
media-libraryg2cta27p8m8m0BJ4NYA
screenshot youtube

Disney официјално потврди дека работи на „Zootopia 3“, со што популарната анимирана франшиза добива уште едно продолжение.

Студиото ја потврдило информацијата на настанот D23, а откриено е и дека во третиот филм ќе се вратат ликовите Џуди Хопс и Гери ДеСнејк. Засега, сепак, нема информации дали Џејсон Бејтмен повторно ќе му го позајми гласот на Ник Вајлд.

Гери ДеСнејк беше еден од новите ликови во „Zootopia 2“, каде што е претставен како змија-бегалец која го превртува градот наопаку и ги принудува Џуди и Ник да истражуваат мистерија што ги носи во нови делови од градот.

„Zootopia“ започна во 2016 година и со текот на годините прерасна во една од најпопуларните анимирани франшизи на Disney. Покрај филмовите, светот на „Zootopia“ беше проширен и со серијата „Zootopia+“, која во 2022 година пристигна на Disney+.

Деталите за приказната во „Zootopia 3“ засега се чуваат во тајност, а Disney сè уште нема објавено ниту датум за премиера.

Сепак, крајот на „Zootopia 2“ веќе понуди можен навесток за следното продолжение. Пердув што се појавува покрај прозорецот на Џуди упатува на можноста дека во третиот филм важна улога ќе има нов вид животно – птиците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybtu4mm4bpmu44xAIrOO

(Видео) Од тениските терени во Холивуд: Новак Ѓоковиќ глуми во популарна комедија заедно со Роберт де Ниро и Аријана Гранде, филмот излегува на 25 ноември

Филм | пред 19 часа

media-libraryd2cf6kabeln7195z3Ad

(Видео) Објавена нова сцена од серијата „Хари Потер“, гледачите не се воодушевени од изгледот

Филм | пред 4 дена

di-kaprio-960x504-1

Леонардо ди Каприо откри кој филм му бил најтежок во кариерата

Филм | пред 5 дена

media-libraryqfqhouj9pvumd97zQWJ

Даниел Редклиф не знае дали ќе ја гледа новата серија за Хари Потер: „Осум часа се премногу“

Филм | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања