Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

Џејми Фокс откри дека ќерка му му го спасила животот по мозочниот удар

Медиасет.мк
пред 3 седмици
media-libraryq7365cmgrq1d9sa2srV
screenshot youtube

Актерот Џејми Фокс откри дека неговата најстара ќерка Корин одиграла клучна улога во неговото преживување и опоравување по мозочниот удар што го доживеа во 2023 година.

Во разговор за поткастот „Baby, This Is Keke Palmer“, Фокс се присети на тешкиот период и на разговорот со лекарот што го лекувал. Според него, лекарот му кажал дека без брзата реакција на неговата ќерка, можеби денес немало да биде жив.

„Човече, твојата ќерка ти го спаси животот. Таа е причината што си денес овде“, му рекол лекарот, според сведоштвото на Фокс.

Актерот откри дека не се сеќава на голем дел од она што се случувало во најтешкиот период од неговото лекување. Тој зборувал и за збунетоста за време на опоравувањето, но и за тоа како хуморот му помогнал да се справи со ситуацијата.

Фокс се шегувал и со медицинскиот персонал кога го прашувале кој е, па намерно давал различни одговори, велејќи дека е Дензел Вашингтон или Дејв Шапел.

Корин, пак, раскажа дека во тие моменти немала време да се плаши, туку веднаш се посветила на грижата за својот татко. Таа морала да се справи и со бројните гласини за неговото здравје што се ширеле на интернет, вклучително и теории дека актерот бил заменет или клониран.

Таа нагласи дека никогаш не сакала јавно да ги објавува медицинските информации за својот татко само за да ги демантира шпекулациите.

Искуството дополнително ја променило врската меѓу Фокс и неговата ќерка. Актерот денес со посебна благодарност зборува за неа и вели дека токму нејзината љубов и сила му помогнале да продолжи понатаму.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb6e87gpfpa1t0OuHyPr

Анџелина Џоли и Салма Хајек открија детали за нивното необично пријателство

Сцена | пред 4 часа

media-library0hsov53quoa0fhMU8KG

(Видео) Громогласен аплауз за Слаткаристика во Оксфорд: „Ве сакам најмногу на цел свет“

Сцена | пред 1 ден

media-library7fijqt39hpvq42XE42i

(Видео) Каролина ги „раздрма” во Гази Баба: општината прослави 50 години постоење

Сцена | пред 1 ден

media-librarympmeofo0jombcJ35eNC

(Видео) Публиката пееше наместо нив: 2Бона доминираа во Гази Баба

Сцена | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања