Медиасет.мк logo
Промени тема
Технологија

До 6.000 евра субвенции за електрични автомобили: Германија ги отвора вратите и за кинеските производители

Медиасет.мк
пред 8 месеци
media-libraryqgskisbp0jun12Nq4mb

Германија повторно го менува курсот кога станува збор за субвенциите за електрични возила и најавува нова програма за поттикнување вредна дури 3 милијарди евра.

Целта е јасна – заживување на продажбата на електрични автомобили, која нагло опадна по укинувањето на субвенциите кон крајот на 2023 година.

Новиот програм предвидува субвенции во износ од 1.500 до 6.000 евра, во зависност од цената на возилото, приходите на домаќинството и бројот на членови во семејството.

Според проценките, буџетот би требало да биде доволен за поддршка на околу 800.000 возила.

За разлика од некои други европски земји, Германија нема да прави разлика меѓу домашните и странските производители. Субвенциите ќе бидат достапни за сите брендови, вклучително и за кинеските.

Министерот за заштита на животната средина, Карстен Шнајдер, изјави дека нема докази за преплавување на пазарот со кинески возила и дека германските производители се доволно конкурентни.

Програмата ќе важи до 2029 година, а апликациите ќе можат ретроактивно да се поднесуваат од 1 јануари 2026 година. Се очекува онлајн-порталот за пријавување да биде пуштен во употреба во мај, додека конечните услови ќе бидат прецизирани подоцна во текот на годината.

Најголема корист од субвенциите се очекува да имаат домаќинствата со ниски и средни приходи.

Претходниот систем на субвенции беше укинат поради буџетски проблеми, што веќе во 2024 година доведе до пад на продажбата на електрични автомобили од дури 27 проценти.

Новиот пакет мерки вклучува и продолжување на даночните олеснувања за електрични возила до 2035 година, што за државата ќе значи околу 600 милиони евра помалку приходи.

Сето ова укажува дека новата германска влада се залага за попостепен и пофлексибилен премин кон електромобилност, иако на ниво на Европската Унија сè уште трае дебатата за иднината на забраната на моторите со внатрешно согорување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4iqoeve67knv76F1jQT

ВИ-агенти се обиделе да ги нападнат системите на канадската влада

Технологија | пред 1 час

media-librarydmc2bi7gm1vf532tfsF

Истражување открива можни проблеми со ноктите кај корисниците на „Оземпик“

Вирално | пред 4 часа

media-library9bp6f2s84opb8cvI8cn

Падна Gemini, дел од корисниците не можат да ја користат услугата

Технологија | пред 12 часа

29102017155418_web_401089-dzhef-bezos-tret-najbogat-chovek-na-svetot-bafet-ima-pomalku

Безос: Овојпат одиме на Месечината за да останеме

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања