Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Вирално

Добитник на лотарија останал без милион фунти: го пропуштил рокот за исплата

Медиасет.мк
пред 5 месеци
loto

Добитник на награда од милион фунти (околу 1,15 милиони евра) во рамки на играта EuroMillions останал без наградата откако не поднел барање за исплата во предвидениот рок од шест месеци, соопшти операторот на британската лотарија Alvin.

Добитниот билет бил купен на 4 ноември во подрачјето на Борнмут, Крајстчерч и Пул, но и покрај потрагата по сопственикот, не била поднесена ниту една валидна пријава до истекот на рокот на полноќ во недела, пренесува Sky News.

Претставник на компанијата Енди Картер изјавил дека „мистериозниот милионер“ не ја подигнал наградата, со што ја пропуштил шансата за исплата на добивката.

„И покрај обемната потрага по мистериозниот милионер, можам да потврдам дека сопственикот на тикетот не се јавил да ја подигне својата награда EuroMillions и за жал ја пропушти оваа сума пари што му го менува животот“, рекол Картер.

Неисплатениот износ сега ќе биде пренасочен во фондовите на Националната лотарија на Обединетото Кралство и ќе биде наменет за финансирање проекти од јавен интерес, кои според операторот собираат околу 33 милиони фунти неделно за различни општествени иницијативи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

218652-680x450-horoscope-wheel-signs

Два хороскопски знака наскоро би можеле да откријат дека партнерот ги лажел

Вирално | пред 13 часа

media-library7bak91evtn166Ju1NOp

Клои Кардашијан откри каков маж сака покрај себе

Вирално | пред 15 часа

media-library1ugcqto1r4godP3wzKs

Овие украсни саксии можат да им наштетат на собните растенија

Вирално | пред 15 часа

media-library0rqpq08n53hn7A46d7t

Во Кина наместо познати личности на билбордите ги поставуваат научниците за да им бидат пример на децата

Вирално | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања