Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK
Вирално

Добиваме боксерски спектакл, Тајсон се враќа во рингот, закажа борба со познат јутјубер

Медиасет.мк
пред 2 години
Screenshot-2024-03-07-at-16.15.12

Легендарниот американски боксер Мајк Тајсон барем на ден ќе се врати од пензијата во која одамна замина.

Тајсон има закажана борба со познатиот јутјубер Џејк Пол, кој во последните години се занимава со боречки вештини.

Двајцата ќе влезат во рингот на AT&T стадионот во Далас на 20 јули оваа година, а директниот пренос ќе биде обезбеден на Нетфликс.

Засега не е познато кој друг ќе се бори истиот ден како дел од настанот, бидејќи повеќе детали ќе бидат откриени во деновите и неделите што следат.

Ова нема да биде првпат тие двајца да се сретнат на ист настан, бидејќи Џејк Пол беше дел од спектаклот кога Тајсон се соочи со Рој Џонс Јуниор во 2020 година.

Тоа беше првиот боксерски меч на Тајсон од 2006 година. Пол потоа го победи Нејт Робинсон, поранешен кошаркар во НБА, во егзибициски натпревар.

Во меѓувреме, тој има девет победи и еден пораз со шест нокаути во професионалниот бокс од неговото деби во јануари 2020 година.

Што се однесува до Тајсон, тој е еден од најдобрите тешкаши во историјата на боксот со 50 победи, шест порази и 44 нокаути.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybk8l23aoas933MzRiwv

Милиони ќе отсуствуваат од работа поради „GTA VI“, 900.000 Британци планираат лажно боледување

Вирално | пред 17 часа

media-library5tr6lf81lbb6dN4n8XK

Пет причини зошто урмите треба почесто да бидат дел од исхраната

Вирално | пред 1 ден

media-librarylpjb7275ch4e2U9pX71

Зошто на жените почесто им е студено? Научниците открија можна причина

Вирално | пред 1 ден

bubrezi

Бубрезите може да пропаѓаат без да забележите: Еден показател може да открие сериозен проблем

Вирално | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања