Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Патувања

Докторка предупредува: „Ова секогаш го правам во авион за да се заштитам“

Медиасет.мк
пред 5 месеци
media-libraryf40ntalvsmlu70fczrW
фото: unsplash

Докторката д-р Анита Пател предупредува дека повеќето патници во авион несвесно ги занемаруваат две важни навики кои можат да влијаат врз здравјето за време на патувањето.

Таа истакнува дека веднаш по влегувањето во авион секогаш ги применува овие две мерки, нагласувајќи дека станува збор за едноставни, но корисни навики.

Првата работа што ја прави е дезинфекција на масичката пред седиштето со антибактериски марамчиња, пред воопшто да ја користи. Според неа, површините во авионите не секогаш се темелно исчистени меѓу летовите и можат да содржат бактерии и вируси.

Таа предупредува дека одредени вируси можат да преживеат со часови или дури денови на површини, поради што оваа навика е особено важна, особено за семејства со мали деца.

Втората навика е редовно користење крема за сончање пред лет. Лекарката објаснува дека УВ-зраците на голема висина можат да бидат поинтензивни отколку на земја и да влијаат на кожата дури и преку прозорците во авионот.

Таа додава дека иако ролетните можат делумно да ја намалат изложеноста, тие не обезбедуваат целосна заштита од штетното УВ зрачење.

Според неа, комбинацијата од едноставни мерки може значително да придонесе за побезбедно и поздраво патување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 1 ден

man-chases-plane-at-dublin-airport-after-missing-flight-136429820876502601-180927100034

Рајанер ги менува правилата за багаж: Еве колку време пред летот ќе мора да пристигнете

Патувања | пред 2 дена

media-libraryfakfc0qke79p9Qgxdkz

Брзиот воз од Белград до Будимпешта и Виена тргнува на 13 декември: Познати и првичните цени на билетите

Патувања | пред 2 дена

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања