Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

Доли Партон остави песна која ќе биде отклучена на нејзиниот 100-ти роденден

Медиасет.мк
пред 1 месец
media-librarygmmni58ahu569B2b2rM
Instagram/Dolly Parton

Доли Партон уште пред повеќе од една деценија открила која песна сакала да биде изведена на нејзиниот погреб, но оставила и музичка порака која јавноста ќе ја слушне дури во 2046 година.

Кантри-легендата, која почина во вторник на 80-годишна возраст по кратка битка со рак, во интервју во 2014 година изјавила дека на нејзиниот погреб сака да биде изведена госпел-песната „If We Never Meet Again“. Песната била омилена на нејзиниот татко, а била изведена и на неговиот погреб во 2000 година.

Партон претходно имала направено планови и за самиот погреб, барајќи мала и приватна церемонија за најблиските членови на семејството.

Но, по нејзиното последно испраќање, обожавателите ќе имаат уште една песна која ќе ја слушнат во иднина. Необјавената песна „My Place in History“ е чувана во дрвена кутија во комплексот „Доливуд“ во Тенеси.

Партон ја напишала и снимила песната во 2015 година, а оставила инструкции кутијата да не биде отворена до 19 јануари 2046 година, датумот кога би го прославила својот 100-ти роденден.

Снимката е зачувана на ЦД, а Партон дури оставила и ЦД-плеер во кутијата за да се осигури дека песната ќе може да биде преслушана и по неколку децении. Така, песната станала своевидна музичка временска капсула.

Во меѓувреме, нејзиниот мјузикл за животот и кариерата „Dolly: A True Original Musical“ ќе продолжи според претходно најавениот распоред. Претставата ќе започне со пробни изведби на 7 декември, а официјалната премиера е закажана за 19 јануари 2027 година во Њујорк.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1i0ikdpkc4hlfD2mZnU

Наводна расправија во Холивуд: Кендал Џенер и Хејли Бибер не ја поднесуваат Сидни Свини

Сцена | пред 15 часа

media-library2s6kjmcmrrfa5Mf8Rxt

(Видео) Арина Сабаленка објави видео во црн костим за капење и привлече големо внимание

Сцена | пред 19 часа

media-library4brjs2fjlur0fQ9Eki2

Шакира се расплака на сцената во Мадрид: „Поминав низ тешки моменти“

Сцена | пред 1 ден

media-libraryda4mpjdjhokmdVbkm7X

„Мојата жена, мојата ѕвезда“: Јамал со еден коментар ги подгреа гласините за врската

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања