Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Допинг-скандал на Мундијалот: Осум фудбалери на Тунис позитивни на забранета супстанца

Медиасет.мк
пред 3 месеци
media-libraryaqbck9q7f0046UupIcb

Туниската фудбалска репрезентација беше елиминирана уште во групната фаза на Светското првенство, а сега се најде во центарот на допинг-скандал.

Според британскиот „Дејли мејл“, дури осум туниски репрезентативци биле позитивни на кленбутерол при допинг-контролите спроведени за време на турнирот.

Светската антидопинг агенција (ВАДА) веднаш отворила истрага за да го утврди потеклото на забранетата супстанца. Првичните информации укажуваат дека не станува збор за намерно користење допинг, туку за консумирање контаминирано месо за време на престојот на делегацијата во Мексико.

Иако постапката сè уште официјално не е завршена, а клубовите на фудбалерите веќе се известени за резултатите, засега сè укажува дека играчите нема да бидат суспендирани. Антидопинг правилата предвидуваат ослободување од санкции доколку се докаже дека позитивниот наод е последица на случајна контаминација на храната.

Сличен случај беше забележан и во 2011 година на Голд купот, кога петмина мексикански репрезентативци исто така беа позитивни на кленбутерол по консумирање контаминирано месо, по што, по спроведената истрага, беа целосно ослободени од одговорност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3nmul1gemfk22hVR5ET

Хали Бери ја загуби битката за старателство, синот ќе живее претежно со татко му

Сцена | пред 15 часа

media-librarygofq8qpt2gaf6SfldLy

Серена Вилијамс блесна во леопардов фустан на гала-вечер во Лос Анџелес

Сцена | пред 16 часа

media-libraryfe9c7k3oaojfdJakiDu

Расел Бренд се соочува со судење за сексуални напади, тврди дека останал без поддршка од пријателите

Сцена | пред 1 ден

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања