Connect with us

#ФОКУС

Државата ќе ги награди Дејан Георгиевски и неговиот тренер со 2,4 милиони денари за среброто на Олимписките игри


Државата ќе ги награди Дејан Георгиевски и неговиот тренер со 2,4 милиони денари за освоениот сребрен медал во дисциплината теквондо на Олимписките игри во Токио.

„Владата на Република Северна Македонија на редовната 92. седница донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со сребрен медал во дисциплината теквондо Дејан Георгиевски да му биде доделена парична награда во висина од 1.200.000 денари, а на неговиот тренер Дарко Костовски да му бидат доделени 600.000 денари“, соопшти Владата.

Георгиевски ќе биде награден и со дополнителни 600.000 денари од страна на Агенцијата за млади и спорт.

#ФОКУС

Тешко дека брзи тестови за корона ќе има во училиштата, укажува изјавата на Царовска

Во моментов нема потреба за други мерки освен оние што се утврдени од Комисијата за заразни болести за да се заштитат учениците од Ковид-19 во училиштата, изјави министерката Мила Царовска во врска со донацијата на брзи тестови од Општина Илинден за дијагностицирање во трите основни и во средното општинско стручно училиште „Илинден“.

-Не станува збор за желби и можности, туку за препораки од здравствените власти. Ако Комисијата за заразни болести утврдила протокол и постапување, сметам дека сите општини и сите училишта треба да ги почитуваат. Ако тие не препорачале тестирање, значи дека тоа нема додатна вредност во даден момент. Доколку тие утврдиле дека има потреба, тогаш ќе го спроведеме во сите училишта, но во моментов останува да се почитуваат препораките што се дадени, а тоа е да има дезинфекција, мерење температура и проветрување на просториите, изјави Царовска одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на средното училиште „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка.

Continue Reading

#ФОКУС

ВИДЕО: Поради хаосот во Скопје, жена не може да стигне на погребот на татко ѝ

Жена не може да стигне на погреб кај татко ѝ затоа што се блокирани улиците во Скопје, објави порталот ЗаСе.мк.

– Чекам 20 минути, никој не сака да ми направи простор за да поминам. Сите полицајци ми велат „чекајте две минути“. Јас само ги замолувам да ми направат простор автомобилите, да се ослободам и да си одам на погреб кај татко ми. Баш ми е гајле кој поминува, низ солзи вели таа.

Имено, денес скопјани се соочија со невиден сообраќаен хаос поради пречекот на косовската делегација.

Continue Reading

#ФОКУС

Покрај урбанистичкиот и сообраќаен хаос, примарен фокус ќе ми биде културата, уметноста, спортот, вели Арсовска


Тука кај нас во Македонија и воопшто на скопјани им е преку глава од политизација од партиски препукувања и од сето она кое што секојдневно го гледаат, вели Данела Арсовска, независен кандидат за градоначалник на Град Скопје во интервју за централниот дневник на ТВ Телма.

Арсовска посочи дека планира фокусот на нејзиното работење да биде базирано токму на квалитет и добро менаџирање, нагласувајќи дека како родена скопјанка сака од Скопје да направи подобар град.

„Верувам дека можам со квалитетите да бидам едно освежување како што вие напоменавте на политичката сцена и покрај тоа што јас не сум политичар и никогаш не сум се занимавала со политика. Планирам фокусот на она кое што ќе го направам и кое што го правам до сега да биде базирано на квалитет, да биде базирано на менаџирање и практично да го дадам најдоброто од себе. Пред се одлучив затоа што сметам дека како родена скопјанка, како некој кој што целиот свој живот го живее тука, како мајка, како сопруга, како некој кој што сака моето дете да остане во Македонија, да направам нешто подобро за овој град, вели Арсовска“, потенцираше Арсовска.

Арсовска додаде дека кампањата за локалните избори ќе биде исклучиво позитивна бидејќи како што рече на скопјани покрај сивилото во кое што сега живеат сакаат да видат свежина, а како што потенцираше покрај урбанистичкиот и сообраќаен хаос, фокус ќе биде културата, уметноста, спортот и се она што е значајно за скопјани да живеат поубаво.

„Она кое што можам да го кажам за мене е дека мојата кампања ќе биде крајно позитивна. Верувам дека сите како што напоменавте на почетокот во сивилото и во она кое што сега ни се случува сакаат да видат некој кој што може со свежина, со позитивно да им го врати и духот и животот на скопјани, и она кое што за нив е значајно и да се почувствуваат едноставно како да живеат во една светска метропола, каде што ќе има фокус не само на овие примарни и важни работи како урбанистичкиот хаос, како разрешување на проблемите кои што се имаат во сообраќајниот хаос и оној метеж кој што го гледаме секојдневно во градот, туку и да има еден примарен фокус на културата, на уметноста, на спортот и на сето она кое што е значајно за да живееме поубаво“ изјави Арсовска.

Continue Reading
Advertisement

Инста

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020

error: