Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

Душко Тошиќ се огласи: „Бев кај Јелена од почит кон жената со која поминав голем дел од животот“

Медиасет.мк
пред 1 месец
5c34837e-f238-463a-b437-70c10a0a0a67-karleusa-i-dusko-750x500-1

Појавувањето на Душко Тошиќ на настапот на Јелена Карлеуша повторно ги поттикна гласините дека поранешните сопружници се смириле, но Тошиќ сега јавно појасни дека меѓу нив нема обновување на љубовната врска.

Тој објасни дека на настапот дошол со нивните ќерки од почит кон Карлеуша и поради долгогодишната поврзаност меѓу нив.

„Дојдов на настапот од почит и за да ѝ дадам поддршка на личноста со која поминав значаен дел од животот и со која ме врзуваат заеднички спомени, како и нашите ќерки“, наведе Тошиќ.

Неговото појавување уследи откако неодамна присуствуваше и на роденденот на Карлеуша заедно со нивните ќерки, што дополнително ги поттикна шпекулациите за нивниот однос. Сепак, Карлеуша претходно демантираше дека се повторно заедно, посочувајќи дека се во добри односи поради децата.

media-library0bt8a6029jt93Ef7reT

Тошиќ во објавата на Инстаграм се осврна и на својот љубовен живот, за кој во последниот период се пишуваше во јавноста. Тој потврди дека повеќе не е во врска со Нора.

„Веќе некое време не сме заедно. Се обидовме, но не успеавме и секој тргна по својот пат“, напиша тој.

Тошиќ додаде дека решил јавно да се огласи поради бројните повици и пораки што ги добил, но нагласи дека нема намера дополнително да го изложува својот приватен живот во јавноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4brjs2fjlur0fQ9Eki2

Шакира се расплака на сцената во Мадрид: „Поминав низ тешки моменти“

Сцена | пред 5 часа

media-libraryda4mpjdjhokmdVbkm7X

„Мојата жена, мојата ѕвезда“: Јамал со еден коментар ги подгреа гласините за врската

Сцена | пред 1 ден

media-libraryvdiqm2dljg743m7GZ2v

Јелена Карлеуша откри дека сака да ја претставува Србија на Евровизија

Сцена | пред 1 ден

media-libraryfaul4q1n9djoaUewPKb

Петиција со над 1.500 потписи за забрана на Јаков Јозиновиќ во Србија по снимка на која пее песна на Томпсон

Сцена | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања