Медиасет.мк logo
Промени тема
Технологија

Dyson претстави четка за заби со камера и вештачка интелигенција: Чини околу 500 долари

Медиасет.мк
пред 1 месец
media-librarygit4negibun25rEUu0M
screenshot youtube

Dyson претстави нова високотехнолошка четка за заби со вградена камера, која користи вештачка интелигенција за попрецизно чистење на забите.

Dyson CameraJet има макрокамера со 100.000 пиксели, која преку технологијата Gap Optical Targeting ги препознава празнините меѓу забите во реално време и овозможува насочено чистење.

Уредот користи конусен млаз кој испушта прецизно насочени млазници течност за нежно отстранување на насобраниот плак меѓу забите. Корисникот треба да ја нанесе пастата за заби Dyson која не пени и го спречува создавањето кариес, а четката се користи со бавни, мали овални движења.

Преку апликацијата MyDyson корисниците можат во живо да го следат процесот на чистење, со снимки од камерата и упатства за правилно користење.

Од Dyson наведуваат дека четката во режимот Brush and Auto-jet била клинички тестирана со 71 учесник во период од четири недели, при употреба двапати дневно и со производи на Dyson, во споредба со рачна четка за заби.

За користење на четката потребни се интернет-конекција, Wi-Fi и апликацијата MyDyson.

За ваквото технолошко чистење на забите ќе треба да се издвојат околу 500 долари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfs0j2258gt982KKKhMU

Крај за култните јапонски телефони на преклоп: старите мобилни мрежи се гасат

Технологија | пред 4 часа

haker-724x406

Кибернападите ќе бидат еден од најголемите ризици од вештачката интелигенција во 2027 година, предупредува Бил Гејтс

Технологија | пред 7 часа

media-library52nl369hif24a0jDsPz

Пристигнува MacBook со екран на допир: Apple подготвува големи новитети

Технологија | пред 22 часа

media-library0qdukd9sdvn9f8K17AL

Тинејџер се загубил на планина откако ги следел упатствата на вештачката интелигенција

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања