Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Филм

Џенифер Анистон се присети на Бред Пит во „Пријатели“: Беше урнебесно

Медиасет.мк
пред 4 месеци
media-library2c9a3su4ptoje996KPv

Актерките Џенифер Анистон и Лиса Кудроу повторно се сретнаа за да разговараат за култната серија Friends, присетувајќи се на незаборавните моменти од снимањето, гостувањата на големи холивудски ѕвезди и пријателството што трае со децении.

Во разговорот беше споменат и Бред Пит, кој гостуваше во една од најпознатите епизоди на серијата.

Кудроу ги издвои епизодите за Денот на благодарноста како едни од најомилените, а особено ја спомена онаа во која се појави Пит.

„Да, епизодите за Денот на благодарноста беа одлични. Кога Бред беше во серијата, тоа беше урнебесно“, изјави Кудроу, на што Анистон кусо одговори: „Знам. Беше навистина многу смешно.“

Анистон се присети и на другите славни гости во серијата, меѓу кои Брус Вилис, Џулија Робертс, Изабела Роселини и Шон Пен.

„Филмските ѕвезди кои доаѓаа во ‘Пријатели’ секогаш беа нервозни. Тоа ми беше фасцинантно“, рече Анистон.

Пит се појави во деветтата епизода од осмата сезона, насловена The One with the Rumor, каде го толкуваше ликот Вил Колбер, поранешен соученик на Рос и Моника кој не ја поднесуваше Рејчел Грин и ширеше непријатни гласини за неа.

Анистон и Пит ја започнаа својата врска во 1998 година, се верија во 1999, а се венчаа една година подоцна. Нивниот брак заврши во 2005 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 1 ден

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

media-library1oht0fne3e5m6tNyxPs

Три хороскопски знаци кои секогаш препознаваат добра можност за заработка

Вирално | пред 2 дена

johnny-depp-sept-2020

Актери кои добиле милиони за филмови во кои никогаш не се појавиле

Филм | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања