Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

Џенифер Лопез и Бен Афлек се разведуваат

Медиасет.мк
пред 2 години
ben-aflek-dzenifer-lopez

Актерката и пејачката поднеле барање за развод на суд во Лос Анџелес.

Холивудските ѕвезди Џенифер Лопез и Бен Афлек се разведуваат по две години брак.

Лопез поднесе барање за развод во вторникот во Врховниот суд на округот Лос Анџелес, според судските документи што ги виде Би-Би-Си.

Двојката, наречена „Бенифер“ од таблоидите, се венчаа во Лас Вегас во јули 2022 година и одржаа голема свадбена церемонија и забава во Џорџија следниот месец.

Нивната романса започна откако се запознаа на снимањето на филмот Gigli во 2003 година.

Тие планираа да се венчаат таа година, но ја прекинаа врската на почетокот на 2004 година.

Речиси две децении подоцна, тие ја обновија врската.

„Љубовта е прекрасна. Љубовта е прекрасна. И излегува дека љубовта е трпелива, таа беше трпелива 20 години“, изјави Лопез во 2022 година, најавувајќи ја венчавката во Лас Вегас.

Според медиумите, Лопез, која го променила презимето во Афлек, во барањето за развод не соопштила никакви детали за предбрачниот договор.

Документот поднесен во Врховниот суд во Лос Анџелес, исто така, наведува дека Лопез (55) и Афлек (52) мора да споделуваат финансиски информации, вклучувајќи ги нивните тековни приходи, расходи, средства и долгови.

Во документот се додава дека и двајцата се обврзани да обелоденат какви било промени во сопствените финансии додека не се постигне конечен договор за сите финансиски прашања.

Судот и даде на Џенифер Лопез 60 дена да поднесе финансиски извештај, а Афлек ќе има уште 60 дена да го стори истото откако ќе ги достави информациите.

Со месеци се шпекулираше за несогласувања во нивниот брак.

Тие, наводно, ја ставиле својата куќа на Беверли Хилс на продажба за 65 милиони долари, а честопати се гледаат одделно во јавност без бурми.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

106261040-1574437753620gettyimages-1128907054

(Фото) Само неколку дена по смртта на Доли Партон оштетена нејзината ѕвезда во Холивуд

Сцена | пред 12 часа

media-libraryvdiqm2dljg743m7GZ2v

Јелена Карлеуша откри како разговор со владика ѝ помогнал во тежок период

Сцена | пред 12 часа

media-libraryhjc76ho5i5nmbPuVKVx

(Видео) Од „Gipsy Song“ до „Едно име имаме“: Карерас со Македонската филхармонија и македонски ѕвезди го освоија плоштадот „Македонија“

Сцена | пред 1 ден

media-libraryqr71jsovbk373ABbnEx

Скопје добива нов фестивал на отворено: SEMPRE го најавува „The Smiley Calls Skopje“

Сцена | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања