Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Џи-меил наскоро ќе овозможи промена на корисничката е-мејл адреса

Медиасет.мк
пред 10 месеци
media-librarysiluvgs4j4s55ZWmWM7
Unsplash

Корисниците на Џи-меил наскоро би можеле да ја добијат надградбата по која одамна посакуваат. „Гугл“ изгледа подготвува голема промена, која за првпат ќе овозможи менување на корисничката е-мејл адреса. Досега, еднаш креираната @gmail.com адреса беше трајна, а секој што сакаше ново име мораше да отвори сосема нов кориснички профил — нешто што наскоро би можело да се промени.

Оваа новина прва ја забележа редакцијата на порталот 9to5Google, која откри документ за поддршка што објаснува како ќе функционира системот. Клучната карактеристика е тоа што е-мејловите испратени на старата адреса автоматски ќе се пренасочуваат на новата. Ова ќе биде многу корисна надградба за сите кои го отвориле профилот во минатото и денес веќе не се задоволни од старото корисничко име или им се смениле животните околности.

Како ќе функционира?

Во документот за поддршка „Гугл“ ги појаснува деталите: „Е-мејл адресата поврзана со вашиот Гугл-профил е адресата што ја користите за најава на Гугл-услугите.“

„Оваа е-мејл адреса им помага на вас и на другите да го идентификувате вашиот профил. Доколку сакате, можете да ја промените вашата е-мејл адреса на Гугл-профилот што завршува на gmail.com во нова е-мејл адреса што исто така завршува на gmail.com.“

„Ќе примате пораки и на старата и на новата е-мејл адреса. Податоците зачувани на вашиот профил, вклучувајќи фотографии, пораки и е-мејлови испратени на вашата стара адреса, нема да бидат погодени.“

Кога пристигнува надградбата?

Засега нема официјални информации кога оваа нова опција ќе стане достапна за корисниците, ниту во кои региони прво ќе биде активирана. Интересно е што објавата на „Гугл“ моментално се појавува само во документ за поддршка на хинди јазик, што упатува на можноста корисниците во Индија први да ја добијат оваа функција. Се очекува „Гугл“ наскоро да објави повеќе детали, па затоа следете ги новостите доколку не сте задоволни од вашата сегашна е-мејл адреса и сакате да ја промените.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3hjbkoupue3f1Q5psDW

Вреднување до 1,45 трилиони долари, но без гаранција за профит: Кевин ги предупреди инвеститорите во Anthropic

Технологија | пред 6 часа

media-library2pneqmos134udhwTuH2

Вештачката интелигенција откри опасен пропуст во Јава, хакерите би можеле да го злоупотребат

Технологија | пред 22 часа

media-librarylcu5kcd3p1fc4Q3qvCg

„Енвидија“ едногласно го одби враќањето на Џенсен Хуанг на директорската функција

Технологија | пред 1 ден

media-libraryg1r3iu752sdbe12xkzp

Уште проверувате по десет страници за автобуски билет? Билето нуди решение на едно место

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања